Достапни линкови

Неделници - преговори и избори


Фокус пишува за претседателот Иванов, за ДУИ, Хан. Глобус за преговорите, Република за опозицијата.

Фокус - Претседател или фикус - факт или перцепција?

Во воведната колумна „За нештата да станат појасни“, најновиот Фокус прашува: „Претседател или фикус - факт или перцепција?“. Па, покрај другото, вели: „Ѓорѓе Иванов сподели преку Телма епохална мисла. Падот во слободата на медиумите што го регистрира Фридом хаус бил перцепција, а не факт!“ Моја перцепција, пак, пишува авторката на колумната, „е дека Хорхе е фикус на груевизмот... но, нели, не е факт. За Фикусот е факт дека имало поделба на власта!? Факт е дека така пишува во Уставот. Ама факт е и дека уште поубави работи пишуваше во Уставот на Сталин“, забележува со не малку иронија Фокус, внесувајќи во текстот и забелешки за другите актуелности од нашето политичко милје: „Од бомбите за ДУИ се уверивме дека се „сшти като исти“ со побратимите од ДПМНЕ. Кога можат левичарите на Ахмети да се како лонче и капаче, ама тендерушко, со демохристијаните од ДПМНЕ, зошто, пак, десничарот Хан да биде вон контекстот идеолошки!?“, извикува и прашува на крајот Фокус.

Моја перцепција, пак, пишува авторката на колумната, „е дека Хорхе е фикус на груевизмот... но, нели, не е факт. За Фикусот е факт дека имало поделба на власта!? Факт е дека така пишува во Уставот. Ама факт е и дека уште поубави работи пишуваше во Уставот на Сталин.
Фокус.

Глобус - Преговорите треба да се ресетираат

„Преговорите треба да се ресетираат, ДУИ да се пацифизира“, тврди во најновото издание он-лајн магазинот Глобус. Имено, според неделникот, после Брисел опозицијата треба да ги ресетира преговорите и да го промени посредникот, а проблем има и во албанскиот камп. Неделникот смета дека таму одново нема јасен нов политички партнер кој би настапувал со либертински, а не со националистички тези. Сите рокади засега се обесхрабрувачки. „Беса“, Османи, Села... Беше јасно на 15 мај, два дена пред големиот протест на опозицијата, дека некој ги врти новите политички елити кај македонските Албанци против Уриетот и од нив прави ситни зависници на идеолошкиот шмеќарлак, пишува покрај другото Глобус.

Република - Насилство место програма

Република ја турка тезата дека опозицијата и СДСМ со насилство сакаат да ја преземат власта, па во текстот со наслов: „Насилство место програма“, вели дека радикализацијата не била нова карта на, како што ја нарекува, Соросовата опозиција која граѓаните ја трпеле уште од почетокот на 2013 година. Немало разлика ниту во однесувањето на т.н. творци на јавното мнение, чија марионетска улога им била помила од општествената, па заборавале дека на нивна душа ќе се припише доколку се случело нешто од тоа на што повикуваат. Република наведува дека само имало разлика во можноста од ефектот на бумеранг на радикализацијата на граѓаните, под притисок на, како што пишува неделникот, одземената иднина.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG