Достапни линкови

Закана од руинирани куќи во Куманово


Дел од старите куќи кои останаа во центарот на Куманов се закана за безбедноста на минувачите, како и на малкумина сопственици кои живеат во нив.

Заштита на амбиенталната архитектура во Куманово не постои. Старите куќи, белегот по кој градот бил препознатлив, главно одамна се урнати, а на нивни места никнаа нови згради со современ лик. Дел од старите куќи кои останаа од повеќе причини, одолеваат на забот на времето, отпаѓаат делови од нив, закана се за безбедноста на минувачите, како и на малкумина сопственици кои живеат во нив.

Дали сопствениците, а ги има повеќе, дали тие самите ќе го урнат склонопадниот објект или пак Општината административно ќе преземе мерки за уривање бидејќи е опасност за соседните објекти, луѓето и учесниците во сообраќајот.
Орце Петковски, градежен инспектор.

Веќе половина месец во строгиот центар на градот, во некогашното занаетчиско сокаче една стара куќа се надвиснала, попуштаат ѕидовите, фасадата, така што градежната инспекција предупредува да не се поминува во нејзина близина, се додека не се преземат соодветни мерки. А кумановци или ги кинат лентите со кои е обележана опасноста, или ги прескокнуваат.

Орце Петковски, градежен инспектор во Куманово.
Орце Петковски, градежен инспектор во Куманово.

Градежниот инспектор Орце Петковски вели дека објектот треба да сеотстрани бидејќи е опасност за соседните објекти, луѓето и учесниците во сообраќајот на една од најфреквентните улици. Записникот е проследен до надлежните комисии во локалната администрација и се очекува натамошна постапка.

Ова е стара градба, Музејот или некој друг требало да преземат мерки да го зачуваат, дали со реновирање или на некој друг начин. Инаку безбедноста е нарушена и можно е паѓање на делот од објектот.
Анкетиран граѓанин.

„Дали сопствениците, а ги има повеќе, дали тие самите ќе го урнат склонопадниот објект или пак Општината административно ќе преземе мерки за уривање бидејќи е опасност за соседните објекти, луѓето и учесниците во сообраќајот.“

Петковски вели дека оставинската постапка е долготрајна, некогаш се развлекува и на две-три генерации, особено што најчесто тие веќе не живеат во земјава. И во овој случај само двајца се во Куманово, а останатите четворица се во Хрватска и Босна и Херцеговина.

„Верувам дека Општината ќе го преземе на свој трошок,а пото аќе бара начин како средствата си ги рефундира и да ги наплати трошоците.“

Петковски смета дека во такви нерешени случаи би било потребно Општината во буџетот да предвиди средства со кои ќе презема мерки за разрешување, односно уривање на ваквите објекти.

Кумановци кои имаат потреба да поминуваат покрај руинираните објекти велат дека не го креваат погледот горе, туку секој со свои мисли во главата се движат во нивна близина.

„Ова е стара градба, Музејот или некој друг требало да преземат мерки да го зачуваат, дали со реновирање или на некој друг начин. Инаку безбедноста е нарушена и можно е паѓање на делот од објектот.“

РСЕ: Се чувствувате ли безбедно кога поминувате покрај оваа куќа?

„Не. Јас поминувам од другата страна, покрај оградата. И нашата требаше да се поправи од спротива,ама не ја направија. Не и ставија фасада. Ги потрошија парите.“

РСЕ: Кој требаше да ја направи?

„Општината веројатно. На нашата куќа не ја направија фасадата, туку уште повеќе ја растурија кога поставуваа кабли за струја“, вели кумановка која живее на истата, „Ленинова“ улица со небезбедниот објект.

Кумановските стари градби се во руинирана состојба и поради беспарицата на граѓаните кои не можеле да го одржуваат наследеното, а меѓу другото и од емотивни причини не го продале на некој кој одамна би го урнал. Затоа Општината во рамките на своите ингеренции треба да презема мерки.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG