Достапни линкови

Ребаланс на буџетот на Општина Охрид


Архивска фотографија: Совет на Општина Охрид.
Архивска фотографија: Совет на Општина Охрид.

Градските власти го оправдуваат ребалансот, додека опозицијата реагира дека средствата од ребалансот ќе биле искористени за непродуктивни трошоци.

Среде година, градскиот совет на Охрид изгласа ребаланс на буџетот на општината. Градските власти го оправдуваат ваквиот потег, додека опозициските партии реагираат дека средствата од ребалансот ќе биле искористени за непродуктивни трошоци, а не за реализација на капитални проекти.

Со овие средства немаме ниту една капитална инвестиција. Ќе биле искористени за работи од комуналната сфера, за крпење на дупки, улици, патишта, рехабилитација на водоводи, изградба на детски игралишта. За нас тоа е непродуктивно трошење.
Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП.

Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП, вели дека ребалансот бил поради зголемување на буџетот за 42 милиони денари од продажбата на земјиштето кај автобуската станица.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

„Со овие средства немаме ниту една капитална инвестиција. Ќе биле искористени за работи од комуналната сфера, за крпење на дупки, улици, патишта, рехабилитација на водоводи, изградба на детски игралишта. За нас тоа е непродуктивно трошење на овие средства кои би можеле да се искористат за изградба на некој капитален објект. Додека се оди со јавно приватно партнерство за изградба на дом за стари лица, ние можевме да го изградиме домот со тие пари“, вели Станкоски.

Ние предлагаме ребаланс на буџетот со кој во добар дел ќе ги исплаќаме обврските спрема оние доверители на кои Општина Охрид им должи.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Првиот човек на градот, Никола Бакрачески, вели дека дел од парите ќе биле искористени за реализација на некои проекти, а дел за враќање на долгот на општината.

„Ние предлагаме ребаланс на буџетот со кој во добар дел ќе ги исплаќаме обврските спрема оние доверители на кои Општина Охрид им должи долги години наназад и кои никој не ги исплаќал и не чувствувал одговорност да им ги исплаќа средствата и тоа е наша одговорност. Долговите мора да се сервисираат, а Општина Охрид мора да се однесува одговорно кон оние кои со чесна работа и труд сработиле нешто, дали тоа биле материјални добра, сервисни услуги, изградба на инфраструктурни објекти. Претпоставувам дека на опозицијата и пречи доброто остварување на буџетот особено во приходната стапка“, рече Бакрачески.

Дејан Блажески, советник од ЛДП, вели дека станува збор за класично зголемување на буџетот.

„За мене како економист крпење на дупки не влегува во крупни инфраструктурни проекти, а уште повеќе што ветуваа препород на Охрид“, рече Блажески.

XS
SM
MD
LG