Достапни линкови

Најмногу коментари за кризата и соживотот


Дива населба во Куманово.
Дива населба во Куманово.

Интервјуто со гувернерот Богов, анализата посветена на меѓуетничките односи, пресудите за демонстрантите, капацитетот на Обвинителството, привлекле најмногу коментари.

Редовните неделни интервјуа на Радио Слободна Европа на македонски секогаш предизвикуваат реакции кај вас. Така и најновото, со гувернерот на Народна банка Димитар Богов, кој покрај другото предупредува дека ако политичката криза продолжи или ескалира штетата ќе ја почувствуваме сите, го испровоцирало Мите Матески на нашата Фејсбук страница да напише дека кризата „се чувствува сиве овие години со ДПМНЕ“, а Џики Зија дека „тоа е нормално кога веќе сè е украдено од владата“.

Не се секирај, криза во Белизе нема, вива ла Белизе!
Коментар на читател.

Панде Лазаревски го испраќа Богов, како што напишал, „и ти 20 години во Идризово“, а Гоце Дончев вели: „Економски магионичар“. Марко Марко сликовито му порачува на Богов: „Не се секирај, криза во Белизе нема, вива ла Белизе!“

Саботната анализа насловена како „Добри меѓуетички односи за стабилна Македонија“ исто така „собрала“ доста ваши коментари. Гоце Дончев, на пример, напишал дека „Америка, Канада, Австралија, Германија... се измешани мултиетнички и живеат најдобро, ама во Македонија некому не му одговара соживотот...“

Кажа и остана жив...уупс, остана обвинителче.
Коментар на читател.

Донесувањето пресуди за некои од демонстрантите на првиот од повеќето протести пред Владата поради објавените аудио-снимки во врска со убиството на Мартин Нешковски, меѓу кои вујкото на убиеното момче на плоштадот во Скопје, Горан Митановски доби 10-месечен затвор, Далибор Марковиќ напишал само едно: „Срамота!“ Иван Ристев смета дека е жално и неправедно, „ни се тепаше, ни кршеше... Зарем ќе се дозволи ваква неправда?“

Изјавата на јавниот обвинител, Марко Зврлевски за нашево Радио дека Обвинителството има капацитет да го реши случајот со настаните во Куманово, исто така „собрала“ еден куп коментари од фановите на Радио Слободна Европа на Фејсбук страницата. Наташа Атанасовска напишала: „Покажавте и докажавте колкави ви се капацитетите“, а Ангелчо Јованчев го прашува Зврлевски дали е жив, „дали глас пушти?“ Оливера Атанасова напишала: „Овој вицови кажува, ама смешно ќе е да не беше трагично... идиотизам“. Таџи Адиловци вели: „Кажа и остана жив...уупс, остана обвинителче“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG