Достапни линкови

Новинарите на лустрациски удар


Протест на новинарите пред Комисијата за лустрација во Скопје.
Протест на новинарите пред Комисијата за лустрација во Скопје.

Комисијата за лустрација донела одлука за лустрација за новинарката Јадранка Костова. Тоа, но и најавата за лустрација на други новинари, предизивика новинари од различни редации да го изразат својот револт пред седиштето на Комисијата.

Одлуката за лустрација за новинарката Јадранка Костова е веќе донесена со надгласување им потврдил денеска на новинарите претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев.

Потврдата дека никогаш не постојал никаков телефонски повик или пак некакви списоци дека ние не сме никаков исклучок од професионалноот работење на Комисијата за лустрација, не знам дали да предизвикува понатаму наше смеење или пак нова загриженост дека списокот е некаде пред вратата, но полека ќе се одвиваат едно по едно досиејата, така како што некој предвиден во некакво тефтерче како ќе бидат лустрирани новинарите.
Оливера Трајковска, новинар.

Новинарката Оливера Трајковска која заедно со уште тројца колеги беше на средбата кај Аџиев, вели дека тој им рекол оти причината за лустрација на Костова е во тоа што веќе го имаат објавено медиумите. Имено самата новинарка викендов напиша дека и се подготвува лустрација за времето кога ја водела емисијата „Без наслов, но со повод“, на Македонската радио телевизија. Таа, како што напиша, поради провокации врз бугарафилска основа од извесен организатор, тогаш реагирала до министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски и шефот на УБК Добри Величковски бидејќи сметала оти им прават, како што наведе, полициски местенки.

„Оваа одлука за Јадранка Костова, прво е нов удар за Фокус, но таа е обид да се преправи историјата од нешто прилично значајно произведено од оваа куќа (МРТВ), а тоа е обидот на „Без наслов, но со повод“, конечно денеска после толку години иако на времето ги празнеше улиците и е најзначајниот политички производ на оваа куќа во 90тите години на минатиот век, да му се стави печатот на кодош“, рече Трајковска која заедно со Костова беа новинари во емисијата „Без наслов, но со повод“. Таа додаде дека на сите нивни прашања поврзани со тоа дали ја разбираат супстилноста на новинарска професија, одговорот бил сè е според законот, имавме факти.

Додека се одржуваше состанокот со Аџиев, пред зградата на МРТВ каде што е сместена Комисијата се собраа новинари од различни редакции кои протестираа против одлуката. Со транспаренти „Комисија за верификација на нарачките“, „Фрустрациска комисија“, „Новинарсвото во ендек“, „ФРИДОМ ХАОС“, новинарите го изразија својот револт и од решението за Костова, но и од најавите дека се подготвува лустрација на други новинари кои како што велат критички ја опсервираат власта.

„Потврдата дека никогаш не постојал никаков телефонски повик или пак некакви списоци дека ние не сме никаков исклучок од професионалноот работење на Комисијата за лустрација, не знам дали да предизвикува понатаму наше смеење или пак нова загриженост дека списокот е некаде пред вратата, но полека ќе се одвиваат едно по едно досиејата, така како што некој предвиден во некакво тефтерче како ќе бидат лустрирани новинарите,“ вели Трајковска.

Вчера пак реагираше и Синдикатот на новинари и медиумски работници кој најавите и информациите за лустрирање на актуелни и проминентни новинари, „кои во јавноста како што наведуваат биле препознаени како носители на критичката мисла и интегритетот на професијата не е ништо друго, туку уште еден неуспешен обид за дискриминирање и етикетирање на сите кои што не влегуваат во дефиницијата на „новинарството“ по вкусот на владејачката гарнитура“.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG