Достапни линкови

СДСМ не смее повеќе да тактизира со „бомбата“


Необјавувањето на бомбата од докази на СДСМ би значело политичко самоубиство за партијата, а тоа пак би предизвикало комплетна недоверба кон целиот политички ешалон во земјава, вели политичкиот аналитичар Ким Мехмети.

И додека Социјалдемократскиот сојуз се уште тактизира околу објавувањето на бомбата од докази против актуелната власт, домашните аналитичарии оценуваат дека опозицијата го достигна моментот во кој не смее да си дозволи да не ги објавува доказите за кои тврди дека ги поседува. Повеќето од нив сметаат дека секое оддолговлекување на таквата постапка ќе создаде сомнежи околу тоа што навистина има СДСМ „во раце“.

Секое необјавување од страна ја јавноста ќе биде оценето дека тие само шпекулираат дека имаат одредени документи и ќе се создаде негативна слика кај јавноста кон нив.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Професор Здравко Савески вели дека јавноста за вакви крупни прашања мора да биде информирана и токму затоа пожелно е материјалите што ги имаат да ги објават најбрзо што може.

„Секое необјавување од страна ја јавноста ќе биде оценето дека тие само шпекулираат дека имаат одредени документи и ќе се создаде негативна слика кај јавноста кон нив“, вели професор Савески.

Необјавувањето на бомбата од докази на СДСМ би значело политичко самоубиство за партијата, а тоа пак би предизвикало комплетна недоверба кон целиот политички ешалон во земјава, вели политичкиот аналитичар Ким Мехмети.

На Македонија реално гледано и не и требаат дополнителни бомби после сите тие што и се случија, како затворањето на А1, Скопје 2014, случајот „Монструм“, Македонската енциклопедија. Ние имавме доста „бомби“, ние по сѐ изгледа не слушаме добро и веќе сме станале имуни кон нивната експлозија.
Ким Мехмети, политички аналитичар.

„На Македонија реално гледано и не и требаат дополнителни бомби после сите тие што и се случија, како затворањето на А1, Скопје 2014, случајот „Монструм“, Македонската енциклопедија. Ние имавме доста „бомби“, ние по сѐ изгледа не слушаме добро и веќе сме станале имуни кон нивната експлозија“, вели Мехмети.

Неизвесно е што после објавувањето на бомбите, понатаму ќе се случува, вели Савевски. Според него лош знак за демократијата во земјата би било евентуалното затворање на лидерот на опозицијата. Од друга страна пак, Савески е уверен дека објавувањето на бомбата само по себе нема да предизвика предвремени избори, но доказите драстично би го намалиле рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Голема улога овде ќе има меѓународниот фактор. Ако има притисок од странство тогаш можно е оваа сценарио да се трудат да биде сменето и под притисок на меѓународниот фактор да биде формирана техничка влада и да има избори“, вели Савески.

Мехмети, пак , е сигурен дека ништо значајно нема да се наруши во земјава по објавувањето на бомбата. Веројатно некој ќе заврши во затвор, а играта преку медиумите за тоа кој бил во право ќе продолжи, проценува Мехмети.

„Да имаше тука повисока политичка култура овој народ ќе излезеше на улица и ќе бараше да се објават, а не уште Груевски се осмелува да излезе и да објаснува како тие биле вистинити, но тоа било незаконско, тука испаѓа дека ако крадеш, а не те откријат, тоа не е ништо опасно“, вели Ким Мехмети.

Мехмети заклучува дека во Македонија се гради стабилизација, а не демократија. Тоа вели тој му одговара и на меѓународниот фактор на кој како што истакнува најважно му е да нема влошување на меѓуетничкиот соживот во Македонија.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG