Достапни линкови

Природа и општество


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Се добива чувство како да дишиме на шкрги на секое поле, особено во полето на природата и општеството, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Не помина многу време откако власта почна упорно да го задушува и она малку слободен простор кое остана во мојава држава. Знаете на што мислам, нели? Да, тоа се студентите, белите дробови на оваа загадена држава. Знаете, се добива чувство како да дишиме на шкрги на секое поле, особено во полето на природата и општеството. Скопјани, а богами и тетовци кои неодамна беа прогласени за четврт по ред град во светот кој пати од аерозагадување можат итекако да Ви ја доловат моменталната ситуација во која се наоѓаат дишејќи го она што власта го сервира.

Иако свесни некому одговара оваа природно-општествена фарса затоа што реално гледано, која нормална власт би сакала да го труе својот народ, свесно?!

Таман се прочистија белите дробови изразувајќи ја слободната мисла јасно и гласно иако отпадниот материјал властите сепак го провлекоа во ноќните часови на ист начин како и ослободувањето од вишокот ѓубре во Тетово кое за да биде поголема трагедијата се собира и складира позади фабрика за леб и житни производи, демек да не не трујат само преку воздухот туку и преку софра. Општинските власти упорно го убедуваат народот дека депонија на местото каде што секоја вечер гори ѓубре всушност нема, смрдешот кој се шири секоја вечер доаѓа сам од себе?! Или не?

Последниве денови сведоци сме на нов бран, уште помлада сила која претендира да го достигне нивото на онаа сила која го покажа своето лице борејќи се против погрешните политики и реформи во образованието. Свесни за своите грешки, но и упорни во чекорењето на погрешниот пат, власта удри по белите дробови на општеството токму со воведувањето на тие лоши реформи, но и со начини кои во никој случај не се ниту пример за демократски вредности во едно демократско општество, за кое ние, нели претендиравме до 2006 година.

Бидејќи Скопје наводно го реши проблемот со аерозагадувањето, затворајќи ја „Железара“ и сега фалејќи се со чистиот воздух кој се диши, тетовци како да заглибија во процесот на „чистење“. Имено, општествените бели дробови потпомогнати од неколку организации кои пак целата вина ја гледаат во една фабрика, врзаа јазол по прашањето кој всушност е најголемиот загадувач во Тетово и тетовско. Не е спорно дека и фамозната фабрика загадува, но не смее да се занемари фактот дека Тетово е град во кој живеат над 100.000 луѓе, град во кој дневно поминуваат ако ништо повеќе барем дупло повеќе возила од граѓани, да не зборуваме за депонијата која секоја вечер гори или пак за фирмите и зградите кои користат прегорени масла, пластика и гуми.

Гледајќи ги и двата случаи доаѓаме до заклучок дека иако свесни некому одговара оваа природно-општествена фарса затоа што реално гледано, која нормална власт би сакала да го труе својот народ, свесно?!

И сега сите се прашуваат дали постои излез од катастрофата во која западна мојата држава.

Протестот како една од алатките се покажа како неуспешен. Некои велат, да се блокираат улици, да се прејде на непослушност, напротив непослушноста граѓаните не треба да ја насочат кон самите граѓани туку кон оние кои ништо не превземаат, а многу добро луѓето знаат кои се тие.

Да, постои излез, првенствено постојат неколку инстурменти врз кои народот може да се потпре. Протестот како една од алатките се покажа како неуспешен. Некои велат, да се блокираат улици, да се прејде на непослушност, напротив непослушноста граѓаните не треба да ја насочат кон самите граѓани туку кон оние кои ништо не превземаат, а многу добро луѓето знаат кои се тие.

Но што правиме со младите, белите дробови на државата? Тие тргнаа по вистинскиот пат, чистењето и ослободувањето од тешките отрови почна онака како што и беше замислено и не се сомневам дека можеби не веднаш, но брзо ќе го видиме резултатот од сето ова. Многу е важно да не се потклекнува врз притисоците, чекор понапред сме од нив токму поради сплотеноста и упорноста која на крај сигурно ќе вроди плод.

Бидејќи секоја генерација, секоја општествена група во оваа држава има своја борба така и ние, УМС на ВМРО-Народна партија особено годинава ќе настојува да се бори со сите расположливи средства, во сојузништво со сите млади бидејќи само идеите на младите можат да донесат промени во државава.

Нека идејата и слободната мисла бидат оружјето со кое ќе атакуваме кон оние кои го загадуваат овој наш простор.

XS
SM
MD
LG