Достапни линкови

Патките наспроти пушките


Соња Стојадиновиќ, политиколог.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Религијата како дел од општеството не смее да биде отпорна на критики и заштитена како нешто скапоцено, пишува политикологот Соња Стојадиновиќ во он-лајн колумна за Радио Слободна Европа.

Во последнава деценија новинарите станаа слободни мети за отстрел, посебно во воените зони, иако јавноста за жал, не се згрозуваше толку над тие убиства, сметајќи ги како дел од опасноста на професијата кога се покрива воен конфликт. Но, кога во урбана средина, посебно во град како Париз, ќе убиете 12 луѓе, од кои двајца се полицајци, а останатите новинари и карикатуристи, на површина излегува ситуација која е далеку од изолиран случај. Ситуација која е затруена со верски фанатизам и која е толку чувствителна што секој збор на критика се доживува како верска нетрпеливост.

Репутацијата на „Шарли Ебдо„ дури и го надминувала неговиот тираж. Тврдокорен неделник со левичарска позадина кој не штедел никого од својата критика, посебно десничарите, религиозните институции и француските политичари. А зошто и би ги штедел? Толку многу материјал за критика.

Репутацијата на „Шарли Ебдо„ дури и го надминувала неговиот тираж. Тврдокорен неделник со левичарска позадина кој не штедел никого од својата критика, посебно десничарите, религиозните институции и француските политичари. А зошто и би ги штедел? Толку многу материјал за критика. Новинарите и карикатуристите настрадаа поради слободата на говор која е загарантирана со уставот на секоја нормална држава. Но, кога говорот на слобода ќе се судри со верскиот фанатизам, тогаш имаме проблем кој се шири на глобално ниво.

Иако за голем дел од верски ориентираната популација во Франција и во муслиманскиот свет карикатурите во кои се исмејуваат религиите се сметаа за навреда, јас ги сметам за отворена критика против нешто што треба длабоко да се реформира. Жестоката критика која беше насочена кон сите верски фанатици од трите монотеистички религии беше и шлаканица за освестување за нивните верски лидери. Но, реакцијата со која се примаа тие критики покажуваше дека нивото на развиеност и свесност од страната на клерот и на верниците е на многу ниско ниво. Религијата како дел од општеството не смее да биде отпорна на критики и заштитена како нешто скапоцено. Верските институции задираат длабоко во човечките животи, а тоа право кое самите верници им го дале, со себе носи и одговорности подложност на анализа и критика. „Шарли Ебдо“ ги критикуваше и исмејуваше и христијаните и евреите. Не гледам причина зошто исламоттреба да биде изземен од критика. Посебно кога фанатизмот се шири и практикува преку самоубиствени напади.

Критиката на француските карикатуристи во земја во која карикатурата и стрипот имаат долга традиција беше насочена кон сите аномалии, грешки, злоупотреби и лаги кои ги пласираа верските институции. Нема основа да се премолчува мешањето на црквата во правото на абортус (на пример) и монструозната пракса на обрежување на жените и отстранување на клиторисот (пракса во исламот). Исмејувањето на верските убедувања е исто така пракса и во весниците во Саудиска Арабија во која на пример, цензурата совршено функционира. Кај нив е дозволено, дури и поддржано исмејување на христијаните и евреите. Секако дека не треба да се постапи на истиот начин, одмазда поради нивното однесување, но едно е исмејување, а сосема друго одржлива критика.

Во овие моменти на тага и бес најважно е јавноста да остане смирена во поглед на француските муслимани. Заедно со семејствата и пријатели на убиените, денеска и тие се жртви на фанатизмот од сопствената религија. Тие не се ликот на исламот кој го критикуваше „Шарли Ебдо“.

Во овој терористички напад не е убиена само слободата на говор туку е отворен простор за уште поголемо делување на француската десница. Анти-исламистичките говори на Марин ле Пен и праксата на Никола Саркози на истребување на ромската популација во Франција само добија потврда и своевидно оправдување на нивната антиемигрантска политика. Марин ле Пен повикува на враќање на смртната казна, Никола Саркози претендира да се врати на претседателскиот трон. Франција нема проблем само со исламскиот тероризам, туку и со самата себе, т.е. со радикалната десница. Ако Ангела Меркел беше жестоко нападната кога изјави дека мултикултурализмот во Германија е мртов, дали ова треба да биде доказ дека истиот мултикултурализам е мртов и во Франција? Очигледно е дека освен зајакнување на борбата против верскиот тероризам потребна е и голема реформа во поглед на третманот кон емигрантите, маргинализираните групи и муслиманската популација. Ако процесот на интегрирање во општеството е неуспешен за една група или популација, прстот на вината треба да се впери во државните институции.

Во овие моменти на тага и бес најважно е јавноста да остане смирена во поглед на француските муслимани. Заедно со семејствата и пријатели на убиените, денеска и тие се жртви на фанатизмот од сопствената религија. Тие не се ликот на исламот кој го критикуваше „Шарли Ебдо“.

*Во францускиот јазик зборот патка се користи како синоним за весник

XS
SM
MD
LG