Достапни линкови

Охридските ученици добија лекција за опасноста од пиротехника


Охридската полиција заедно со Црвениот крст ги едуцираат учениците за опасноста од петарди. Има и поубав и побезбеден начин да се прослави Новата година, велат тие.

Охридската полиција на неколку дена до Нова година ги едуцира младите од Охрид за опасноста од користење на петарди и други пиротехнички средства. Најмладите се најчести корисници на вакви средства, при тоа најчесто не мислејќи на евентуалните последници од нивната употреба. Под мотото „Среќна и безбедна 2015 година“, полицијата во Охрид во наредниот период ќе спроведува и засилени контроли на терен со цел санкционирање на правните и физички лица кои ќе бидат затекнати како користат петарди.

Ефектот од тие активности очекуваме да се почувствува и надвор. Целна група се децата. Ние зборуваме за третата категорија на пиротехнички средства, а тоа е забавната пиротехника, додека првата и втората се уредени со закон и никој не може да ги употребува освен овластени фирми за таа работа.
Живорад Савиќ, Одделение за превенција во СВР Охрид.

Живорад Савиќ од Одделението за превенција во СВР Охрид вели дека имаат одлична соработка со основните училишта во градот, кои во рамките на својот домен ќе преземаат одредени активности за да се одржи безбедноста во самите училишта.

„Ефектот од тие активности очекуваме да се почувствува и надвор. Целна група се децата. Ние зборуваме за третата категорија на пиротехнички средства, а тоа е забавната пиротехника, додека првата и втората се уредени со закон и никој не може да ги употребува освен овластени фирми за таа работа. Се предупредуваат дека тие се забранети, но ако веќе користат ги предупредуваме за опасноста од користењето на тие пиротехнички средства. Ако децата користат пиротехника тоа да го прават во соработка со родителите“, рече Савиќ.

Партнер на полицијата во реализацијата на овој проект е и Црвениот крст од Охрид. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека крајниот чекор се казнените мерки.

„И во Охрид, но и во целото подрачјето на СВР Охрид се случувале повреди од употреба на петарди и разни други пиротехники. Повредата најчесто е манифестирана на рацете, но повреди се можни и на очите, дишните патишта и на целото тело. Нашата пракса годиниве наназад покажува пракса на постојано намалување на пиротехниката“, рече Димоски.

Во изминатите години во овој период во просек имало повеќе од 10.000 петарди и други пиротехнички средства кои биле пронаоѓани во домови, деловни објекти, продавници но и во помошни простории кај лица од Охрид и регионот.

„Упатуваме апел до родителите, наставниците до педагошките служби во основните и средни училишта и тие да го дадат својот придонес кон намалување на присуство на петарди на нашето подрачје за време на празнувањето на празниците. Упатувам апел и до младите да се воздржат од употреба и злоупотреба на пиротехника и да знаат дека има и друг поубав начин да се прослави Новата година“, рече Димоски.

Инаку казнените мерки се движат помеѓу 100-400 евра за лице кое на јавно место неовластено ќе приредува огномет. На родителите чие дете ќе врши прекршоци од овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра.

XS
SM
MD
LG