Достапни линкови

Охридската опозиција со забелешки за јавните претпријатија


Седиштето на Општина Охрид.
Седиштето на Општина Охрид.

Власта во Охрид вели дека јавните претпријатија работат добро и покрај сите наследени долгови со кои се соочиле при преземањето на власта. Опозицијата, пак, обвинува дека тие не се рентабилни.

Охридската опозиција бара градскиот совет веќе да не расправа за тримесечни извештаи за работата на јавните претпријатија во Охрид, бидејки, според нив, тоа не ја одразува вистинската слика за работата. Бараат да има само полугодишни и годишни извештаи. Опозицијата во Охрид смета дека јавните претпријатија во градот не работат рентабилно и оти извештаите не ја отсликувале вистинската слика.

Ако имате добивка тоа значи дека сте во позитива и дека може да си ги платите оние тековни трошоци кои што ви стојат. Во Проаква се уште е лоша ситуацијата. Имаме намалување на загубата, но загубата се уште е висока.
Јован Стојаноски, СДСМ.

Јован Стојаноски од СДСМ прашува како е можно Јавното претпријатие Билјанини извори да прикажува добивка од 2, 8 милиони денари, а претпријатието беше исклучено од напојување со електрична енергија.

Јован Стојаноски.
Јован Стојаноски.

„Ако имате добивка тоа значи дека сте во позитива и дека може да си ги платите оние тековни трошоци кои што ви стојат. Во Проаква се уште е лоша ситуацијата. Имаме намалување на загубата, но загубата се уште е висока. Тука го поставуваме прашањето, а тоа е дали има програма за консолидација на Проаква, која дефинитивно треба да следи. Проаква е сериозен проблем на секоја власт, и не ја обвинува оваа власт за Проаква, рече Стојаноски.

Она што може да се констатира споредбено со овој период од лани е дека јавните претпријатија продолжуваат успешно со работа и успешно се справуваат со предизвиците кои произлегуваат во секојдневното работење. Наследија сериозна ситуација и ние како локална самоуправа сме задоволни од нивната работа иако произлегуваат проблеми.
Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

Ако не биде направена програма за консолидација Проаква, тогаш ќе има сериозен системски и стратешки проблем кој ќе се провлекува и понатаму, рече Стојаноски.

„За ЈП Градски гробишта во приходната страна на структурата доминираат побарувања во висина поголеми од 90 проценти. Побарувања се само претпоставка дека ќе се наплатат, но структурата на приходи има премногу висок износ на побарувања. Во графиконот кој е даден стои дека има мал износ на реални и готови парични средства. Тоа е една загрижувачка работа во работењето“, рече Стојаноски.

Опозицијата бара јавните претпријатија да доставуваат аналитички преглед на нивните обврски и приказ на сите нивни побарувања за да можеле да утврдат дали тоа се реални наплатени побарувања, како и извештаи за готовинскиот паричен тек.

Димитар Спасески секретар во Општина Охрид, вели дека јавните претпријатија работат добро и покрај сите наследени долгови со кои се соочиле при преземањето на власта.

„Она што може да се констатира споредбено со овој период од лани е дека јавните претпријатија продолжуваат успешно со работа и успешно се справуваат со предизвиците кои произлегуваат во секојдневното работење. Наследија сериозна ситуација и ние како локална самоуправа сме задоволни од нивната работа иако произлегуваат проблеми“, рече Спасески.

Некои од јавните претпријатија во Охрид како што се Проаква и Билјанини извори имаат проблем со навремената исплата на платите на вработените, па поради тоа има и доцнење.

XS
SM
MD
LG