Достапни линкови

Работните места поважни од чистиот воздух


Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.
Протест против загадувањето на воздухот во Тетово.

Ако владата се грижи за економијата нека не се расфрла со пари за непотребни работи, а не да им даде на загадувачите да работат, велат еколозите.

Од околу 140 компании од кои било побарано да воведат А интегрирани еколошки дозволи, стотина тоа го направиле, а останатите се во фаза на усогласување со тој оперативен план, вели министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во интервју за Радио Слободна Европа, што ќе биде емитувано в недела.

За да тие луѓе имаат уште една шанса, уште шест месеци, ако компанијата покаже сериозност во имплементацијата на тие услови, ќе продолжи со работа, инаку ако не покаже интерес, после шест месеци, таа условна дозвола нема да важи, значи ќе се затвори.
Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање.

Во меѓувреме загадувањето во неколку градови низ земјата и натаму е екстремно високо, а граѓаните на Тетово денеска продолжуваат со протестите. Изаири вели дека одлуката на владата за одложувањето на роковите за некои компании, како на пример Југохром, била донесена поради економскиот и социјалниот фактор.

„За да тие луѓе имаат уште една шанса, уште шест месеци, ако компанијата покаже сериозност во имплементацијата на тие услови, ќе продолжи со работа, инаку ако не покаже интерес, после шест месеци, таа условна дозвола нема да важи, значи ќе се затвори“, вели Изаири.

Владата ако сериозно се грижи за вработените, треба посериозно да мисли за отворање на нови работни места, наместо да се занимава со градењето на Скопје 2014, значи троши пари за непродуктивни проекти, а од друга страна се загрижува, барем вели дека се грижи за социо-економскиот аспект на вработените.
Аријанит Џафери, еколошко движење Екогерила.

Аријанит Џафери од Екогерила вели дека владата има такви изговори, кои тој не верува дека се вистинската причина за пролонгирање на роковите.

„Владата ако сериозно се грижи за вработените, треба посериозно да мисли за отворање на нови работни места, наместо да се занимава со градењето на Скопје 2014, значи троши пари за непродуктивни проекти, а од друга страна се загрижува, барем вели дека се грижи за социо-економскиот аспект на вработените“, вели Џафери.

Не е прв пат Министерството да најавува затварање на компаниите. Тоа го вети и Изаири кога им даде рок на компаниите до 30 октомври да ги воведат еколошките стандарди. Според него, овој пат требало да се оди докрај, но владата е колективен орган и таа решила да донесе таква одлука.

„Значи сите во владата се грижат за тоа, меѓутоа некогаш во владата преовладува и мислењето да се разгледаат и економските и социјалните аспекти“, вели Изаири.

Ако владата е загрижена за вработените, нека ги субвенционира еколошките филтри, вели Џафери. Според него, здравјето на граѓаните е прокоцкано со профитите на компаниите.

„Владата треба да ги штити граѓаните, а тие наместо тоа станале арогантен адвокат на загадувачите“, вели Џафери.

Изаири најавува и стратегија за амбиенталниот воздух во соработка со локалните власти со која ќе се преземат мерки против загаденоста.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG