Достапни линкови

ЕУ и лобисти на Газпром


Кетрин Реј и нејзиниот сопруг Томас Барос Тастетс.
Кетрин Реј и нејзиниот сопруг Томас Барос Тастетс.

Маргаритис Шинас, главен портпарол на Европската Kомисија, кој учествуваше во процесот на вработување на новите членови на тимот, во писмена изјава за Радио Слободна Европа, вели дека Кетрин Реј ги известила надлежните со што се занимава нејзиниот сопруг, вклучувајки ја и соработката со Газпром.

Европската унија соопшти дека фактот што Кетрин Реј, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Фредерика Могерини, е мажена за истакнат лобист на Газпром, не е судир на интереси.

Кетрин Реј ги известила надлежните со што се занимава нејзиниот сопруг, вклучувајки ја и соработката со Газпром.
Писмена изјава на ЕК за РСЕ.

Кетрин Реј во 2013-та година се омажи за Томас Бартос Тастетс, кој е партнер во бриселската филијала на лобистичката компанија Г плус. Во неговата биографија стои дека го помага и координира европскиот дел од светскиот конзорциум кој ги советува големите меѓународни енергетски компании во областа на комуникациите и односите со јавноста. Иако тие компании не се именувани, тој во медиумите најчесто се спомнува како советник во европските работи на Газпром. Кога беше објавена веста за неговата промоција за партнер, беше наведено дека тој е советник на Газпром во работите со надлежните на Европската унија.

Во Транспаренси регистерот на ЕУ, стои и Г плус, со вкупен годишен промет меѓу 300 и 350 илјади евра, а Барос Тастетс е наведен како еден од вработените, акредитиран за пристап во просториите на Европскиот парламент. Виден е во друштво на рускиот министер за енергија Александар Новак, кога тој беше во Брисел на преговори со европските и украинските претставници во врска со ипораката на руски гас.

Маргаритис Шинас, главен портпарол на Европската Комисија, кој учествуваше во процесот на вработување на новите членови на тимот, во писмена изјава за Радио Слободна Европа, вели дека Кетрин Реј ги известила надлежните со што се занимава нејзиниот сопруг, вклучувајки ја и соработката со Газпром.

Изгледа како таа толку да го сака Путин, што се поистоветува со неговите погледи и го гледа светот од негова перспектива, а не од перспектива на Европската унија.
Едвард Лукас, уредник во британски Економист.

Шинас наведува дека Реј се занимава со прашања во врска со Африка, Латинска Америка и земјите од Заливот, додека за европските прашања, вклучувајки ја и Русија, е задолжена Маја Коцијанчиќ, со што нема потенцијален судир на интереси.

Кетрин Реј одби каков било коментар за РСЕ.

Едвард Лукас, уредник во британски Економист, кој во изминатото лето се противеше на изборот на Могерини за шефица за надворешна политика, вели дека особено е загрижен од, како што вели, заслепеноста на Италијанката од Путин. Изгледа како таа толку да го сака Путин, што се поистоветува со неговите погледи и го гледа светот од негова перспектива, а не од перспектива на Европската унија, вели Лукас.

Фредерика Могерини има 41 година и е релативно неискусна политичарка, а за министерка за надворешни работи на Италија ја постави премиерот Матео Ренци во февруари 2014-та година. Потоа тој успешно лобираше Могерини да дојде на местото на Ештон. Рензи беше единствен премиер од земјите на Европската унија, кој беше против проширувањето на санкциите против Русија. Ренци лобираше и во корист на Газпром, поддржувајки го проектот Јужен тек, кој пак за официјален Брисел е проект кој не е во согласност со правилата на Европската унија.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG