Достапни линкови

На Охрид му треба туристичка полиција


Улогата на туристичката полиција би била исклучиво регулирање на сообраќај и упатување на гости, вели универзитетскиот професор и поранешен висок полициски службеник Стефан Буџакоски.

Охрид треба да добие туристичка полиција, која во голем дел барем во екот на туристичката сезона ќе им помогне на обичните полицајци, вели универзитетскиот професор и поранешен висок полициски службеник на раководни структури, Стефан Буџакоски. Оваа идеја, вели тој, дека ја заговарал уште тогаш.

Тие можат да одат и по принципот на полицајци кои нема да носат оружје. Тоа би биле млади и подвижни и јазично писмени за да можат да се снајдат во секоја ситуација, луѓе кои градот ќе го држат под една контрола на случувања во текот на 24 часа.
Стефан Буџакоски, универзитетски професор.

„Улогата на туристичката полиција би била исклучиво регулирање на сообраќај и упатување на гости.Тие можат да одат и по принципот на полицајци кои нема да носат оружје. Тоа би биле млади и подвижни и јазично писмени за да можат да се снајдат во секоја ситуација, луѓе кои градот ќе го држат под една контрола на случувања во текот на 24 часа“, вели Буџакоски.

Туристи во Охрид.
Туристи во Охрид.

На тој начин, вели Буџаокоски униформираната и цивилната полиција би се растеретила во своето работење и би се концентрирала исклучиво на спречување на кривични дела и прекршоци.

Таа туристичка полиција ќе има дефинирани задачи бидејки се гледа се постоечките инспекциски органи се преклопуваат со своите ингеренции, па чекаат еден на друг да ја реши работата.
Владо Суклоски, туристички работник од Охрид.

„Со помалку трошоци би се постигнале повеќе ефекти, а би се вработиле и неколку охриѓани. Гледајќи ги моменталните состојби во Охрид и пошироко, во туристичката сезона имаме концентрација на поголем број на туристи и материјални добра. Автоматски и тука се најнападнати тие добра. Тука треба да се има во предвид дека во Охрид секогаш доѓаат Вип гости и тоа ги исцрпува снагите на полицијата. Подолги години се најде начин за пуштање на полицајци од другите градови што е добро како ете дека ги познаваат оние кривични дела, но трошат многу пари“, вели Буџакоски.

Владо Суклоски туристички работник од Охрид вели дека туритичката полиција би помогнала во намалување на бројот на диви даватели на услуги во Охрид кои биле присутни.

„Туризмот во Охрид се движи во погрешна насока во однос на сивата економија, 50-60 проценти од прометот во туризмот се остварува од сивата економија. Ние долго време зборуваме за диви водичи, диви агенции, точак агенции, диви издавачи на соби и диви таксисти. Сиот тој хаос кој постои во Охрид го кочи развојот. Таа туристичка полиција ќе има дефинирани задачи бидејки се гледа се постоечките инспекциски органи се преклопуваат со своите ингеренции, па чекаат еден на друг да ја реши работата.“

Професорот Буџакоски вели дека туристичката полиција треба да биде под надлежност на СВР Охрид.

XS
SM
MD
LG