Достапни линкови

Има ли закана за Македонија од Исламската држава?


Илустрација.
Илустрација.

Македонија е дел од коалицијата предводена од САД за борба против бунтовниците од Исламската држава. Исламистите, пак, повикаа на напади против САД и нивните сојузници.

Откако Македонија преку Министерството за надворешни работи и официјално соопшти дека политички е дел од коалицијата предводена од САД за борба против бунтовниците од Исламската држава во Ирак и во Сирија се отвори прашањето дали има закана и за нејзината безбедност. Имено Исламска држава веќе повика на напади против Америка и нејзините сојузници во меѓународната коалиција што учествуваат во бомбардирањето.

МВР сериозно ги следи и ги анализира сите информации. Во континуитет соработуваме со нашите сојузници, разменуваме наши сознанија, се разбира добиваме и нивни сознанија во однос на сите безбедносни ризици и закани и подготвени сме во секој момент да реагираме доколку тоа е неопходно.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Македонија засега сè уште е во фаза на разговор со партнерите околу практичната поддршка во борбата, а одлуките за придонесот, како што велат од МНР ќе се носеле согласно приоритетите и можностите на секоја земја учесник.

Во овој момент нема посериозна и поголема закана по општата безбедност во Македонија, дециден е портапаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски.

„МВР сериозно ги следи и ги анализира сите информации. Во континуитет соработуваме со нашите сојузници, разменуваме наши сознанија, се разбира добиваме и нивни сознанија во однос на сите безбедносни ризици и закани и подготвени сме во секој момент да реагираме доколку тоа е неопходно“, вели Котевски.

Штом Република Македонија припаѓа на таа коалиција за борба против Исламската држава, објективно дека има закана, но мислам дека заканата по членките на коалицијата не е подеднаква и поголема изложеност од ризици по безбедноста на државата имаат оние коишто се лидери, односно коишто се носечки држави во рамките на таа коалиција.
Стојан Кузев, универзитетски професор.

Според професорот по разузнавање, Стафан Буџаковски, земјава, без разлика дали е дел или не од коалиција за борба против Исламска држава, влегува во државите во кои постои безбедносен ризик.

„Може да се констатира дека учеството во коалицијата за борба против Исламската држава на Република Македонија е оправдано од фактот што ние како подрачје гравитираме во однос на интересите на таа Исламска држава“, вели Буџаковски, кој потстетува и дека од територијата на Македонија бунтовниците регрутираа борци за во Сирија и за во Ирак.

Заканите за безбедноста на државава би биле минимални ако ги немаше луѓето што заминуваат во борба од страна на бунтовниците, вели професор Стојан Кузев, според кого државава сега треба да се сконцентрира на запирање или сведување на минимум на одењето на наши државјани во тие битки.

„Штом Република Македонија припаѓа на таа коалиција за борба против Исламската држава, објективно дека има закана, но мислам дека заканата по членките на коалицијата не е подеднаква и поголема изложеност од ризици по безбедноста на државата имаат оние коишто се лидери, односно коишто се носечки држави во рамките на таа коалиција“, вели Кузев.

Аналитичарите објаснуваат и дека следејќи го начинот на кој досега дејствуваат бунтовниците од Исламска држава, заканите за безбедноста може да значат разни терористички акти на места каде што има поголема раздвиженост.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG