Достапни линкови

Папата Франциско ја почна посетата на Албанија


Папата Франциско пристигна во еднодневна посета на Албанија, што претставува прва посета на една земја во Европа од кога ја презеде должноста. Стотици илјади граѓани се собраа во центарот на градот на свечената миса.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, на Плоштадот Мајка Тереза во центарот на Тирана, околу 11 часот почна да служи света миса, пред повеќе стотици илјади граѓани, со помош на двајца кардинали, 18 бискупи, 240 свештеници, 10 богослови и четворица ѓакони.

Соживотот меѓу верските заедници во Албанија има непроценлива вредност за мирот.„Тоа е вредност која треба да се сочува и да се развива секојдневно. Сакам Албанија да продолжи по тој пат и да биде пример за многу други земји.
Папата Франциско.

Претходно, папата Франциско кој утрово допатува во еднодневна посета на Албанија, со најголеми почести беше пречекан во Претседателството на земјата од претседателот Бујар Нишани.

Во говорот, одржан во Претседателството, папата ја нарече Албанија земја на херои и маченици, кои го положиле животот за независноста на земјата и кои ја посведочиле својата вера во најтешкиот период на прогонот.

Папата оцени дека соживотот меѓу верските заедници во Албанија има непроценлива вредност за мирот.

„Тоа е вредност која треба да се сочува и да се развива секојдневно. Сакам Албанија да продолжи по тој пат и да биде пример за многу други земји“, порача папата Франциско.

Тој истакна дека нов предизвик е глобализацијата на економијата и културата и оти мораат да се направат напори за развојот да не биде само за еден дел од населението, туку за добробит на сите.

Нишани му се заблагодари на папата што ја избрал токму Албанија да ја посети, како прва европска земја каде не живее претежно католичко население.

По излегувањето од претседателската резиденција папата замина со неговиот отворен автомобил и големото обезбедување кон плоштадот „Мајка Тереза“ при што беше поздравен од илјадници граѓани кои беа на улиците.

При пристигнувањето на плоштадот „Мајка Тереза“, каде сега е во тек свечената миса, градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша му го предаде клучот на албанската метропола.

Меѓу повеќето стотици илјади граѓани кои се на плоштадот има и граѓани од Македонија и од Косово.

Папaта Посетата ја завршува во 20 часот, кога авионот полетува од тиранскиот аеродром.

Мобилизирани се околу 2.500 полицајци, кои ќе се грижат за добро одвивање на посетата под драконски безбедносни мерки.

Амбасадорот на Ирак во Ватикан, предупреди дека 77-годишниот Папа би можело да се најде во опасност од членовите на исламските земји, бидејќи Светата Столица ги поддржа американските воздушни напади врз милитантните цели во Ирак, што е редок исклучок во неговата мирољубива политика за решавање на конфликтот.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG