Достапни линкови

Шиповиќ воздржан, спорна законитоста на контроверзните ДУП-ови


Илустрација: Совет на Општина Центар.
Илустрација: Совет на Општина Центар.

Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ беше воздржан, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа ист број гласови за решението на градоначалникот Андреј Жерновски за стопирање на спорните ДУП-ови.

11 советници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против, додека 11 советници на СДСМ и коалицијата се изјаснија за решението на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, за стопирање на спорните Детални урбанистички планови. Претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, гласаше воздржано. По исходот од гласањето, градоначалникот Жерновски рече дека на ваков начин не може да бидат донесени одлуки и оти ќе го обжали гласањето пред Уставниот суд.

Не може да бидат донесени никакви акти на Советот ако има еднаков број на гласови за, еднаков број на гласови против и воздржан.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

„Не може да бидат донесени никакви акти на Советот ако има еднаков број на гласови за, еднаков број на гласови против и воздржан“, рече Жерновски.

Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека и со ваквото гласање, деталните урбанистички планови за Тасино Чешмиче и за Капиштец-Водно повторно се легитимни.

Што е проблемот? Сега, дури после осум месеци воочивте дека има такви работи поради што овие измени на ДУП-овите не смеат да се донесат. Каде бевте пред осум месеци.
Илија Илиовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Расправата во Општина Центар за решението на градоначалникот Жерновски да ги стопира двата плана за Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно помина во знакот на конфронтации меѓу советниците од власта и опозицијата. Жерновски ја образложуваше нелегитимноста на ДУП-те, како и ризичноста од свлечување на земјиштето за десеткатницата на Водно и побара да не се гради објект, предупредувајќи дека би претставувало опасност за жителите.

„Ова не е политички момент, ова не е политичка дебата за тоа дали треба барок или не. Овде дискутираме за животот и безбедноста на граѓаните. Се плашам, да не речам, веќе сум убеден дека со вакви градби на Водно нивните животи се доведени во опасност“, рече градоначалникот.

Ова не е политички момент, ова не е политичка дебата за тоа дали треба барок или не. Овде дискутираме за животот и безбедноста на граѓаните. Се плашам, да не речам, веќе сум убеден дека со вакви градби на Водно нивните животи се доведени во опасност.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Најдете ми барем еден дел од програмата каде ветивте 10-катници на Водно, дополни Жерновски.

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ, пак, на советниците од опозицијата им реплицираа дека за истите точки имале можност да реагираат уште пред осум месеци, но оти не ја искористиле таа можност.

„Што е проблемот? Сега, дури после осум месеци воочивте дека има такви работи поради што овие измени на ДУП-овите не смеат да се донесат. Каде бевте пред осум месеци“, изјави Илија Илиовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, ги праша опозициските членови зошто минатата седница не гласале против, алудирајќи на бојкотот на опозицијата, која ја напушти седницата.

По гласањето во Центар, советниците на СДСМ и коалицијата оценија дека ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена ги турка сопствените бизнис интереси.

„Јавно ги прашуваме, што е толку важно во овие ДУП-ови? Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери, заедно со градоначалникот, нема да дозволат граѓаните на Центар да бидат заложници на бизнис интересите на власта. Со сите механизми што ни стојат на располагање ќе се спротивставиме на дивеењето на урбаната мафија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Игор Алаџајков од СДСМ, кој дополни дека седницата повторно покажала дека процесот против Шиповиќ бил со цел насилно да се преземе советот и власта во Општина Центар.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG