Достапни линкови

Руски политичари против селектoрот Капело


Русија беше елиминирана на Мундијалот со само два освоени бода во групата.

Неколку руски политичари го обвинија селекторот на руската фудбалска репрезентација Фабио Капело дека бил лопов откако нивната селекција не ја помина групната фаза на Светското првенство во Бразил.

Русија беше елиминирана на Мундијалот со само два освоени бода во групата. Тој резултат, според мислењето на политичарите во Русија, не бил еднаков со платата што ја прима Капело од 6,7 милиони фунти.

Лидерот на Либерално демократската партија Владимир Жириновски изјави дека Фабио Капело би требало да се појави пред рускиот парламент и да го објасни неуспехот на репрезентацијата. „Мораме да го замолиме да си поднесе оставка. Многу е добро да земаш милиони за ништо“, рече тој.

Со слично мислење е и пратеникот на партијата Праведна Русија Олег Пахолков.

„Мислам дека Капело многу добро знаел дека ништо нема да постигне со нашата репрезентација, но и тоа дека ова е добар начин да заработи пари“, изјави Пахолков.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG