Достапни линкови

Уставни измени за засилување на хомофобијата


Иницијативата за уставни измени за дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена ја засилува хомофобијата, без разлика дали ќе биде сменет Уставот, велат активистите.

Политичко профитирање во кризна ситуација. Вака активисти за човекови права гледаат на владиниот предлог за уставно дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, неполна година откако истата измена ја предложи ВМРО-ДПМНЕ и таа предизвика жестока дебата, но не помина во парламентот.

Без разлика дали внесувањето во самиот Устав ќе ги засили веќе постоечките негативни ставови и предрасуди на општата популација, она што мислам дека е многу поважно е што самата оваа иницијатива ги засилува, без разлика дали на крај ќе влезе во Уставот или не.
Славчо Димитров, коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Според Славчо Димитров од коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, генерално се спорни владините предлози бидејќи се поднесуваат во време кога опозицијата е надвор од парламентот.

„За мене е пошокантно што владата дава таков предлог токму во момент кога се случува Неделата на гордоста што ја организиравме, целата Национална мрежа за борба против хомофобија и трансфобија и тоа го прави, а една година е поминато откако релевантните институции, конкретно МВР и Јавното обвинителство немаат разрешено, ниту фатено кој и да било од напаѓачите врз Центарот од минатата година“, вели Димитров.

Aко сега се мешаме во законите на природата, утре ако се стапи во брак, во име на сето тоа ќе дојде до чинот на посвојување деца.
Душко Миновски, претседател на комисијата за заштита од дискриминација.

Според него, сегашната предлог измена е само нафрлена и додека не го видат конкретниот предлог ќе се воздржат од подетално коментирање. Сепак смета дека и самата иницијатива ќе им наштети на луѓето со поинаква сексуална ориентација.

„Без разлика дали внесувањето во самиот Устав ќе ги засили веќе постоечките негативни ставови и предрасуди на општата популација, она што мислам дека е многу поважно е што самата оваа иницијатива ги засилува, без разлика дали на крај ќе влезе во Уставот или не и тоа е многу поголемата опасност што една ваква игра ја носи“, вели Димитров.

Претседателот на комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски, пак, нема конкретен став дали овој предлог ќе донесе и дополнителна дискриминација.

„Дефинитивно е работа на гледањето на нештата. Да, можеме да говориме за одредена повреда, меѓутоа видете, ако сега се мешаме во законите на природата, утре ако се стапи во брак, во име на сето тоа ќе дојде до чинот на посвојување деца. Имаме ли право во име на децата кои се мали, малолетни, кои немаат право да одлучуваат, кои не ни може да одлучуваат согласно нивната емоционална или социјална зрелост, значи некој да може да посвои дете. Јас не велам дека тие ќе бидат лошо чувани или згрижени, но факт е дека се нарушува некој основен, природен принцип. Не знам, не би можел да кажам, допрва сигурно ќе се отвораат дебати околу ова прашање, меѓутоа ние не гледаме така на нештата затоа што сметаме дека нема неповолен третман“, вели Миновски.

Тој тврди и дека во Европа има многу повеќе земји што бракот го уредуваат исклучиво како заедница меѓу маж и жена, па така ваквите прашања требало да ги уредува владата која имала демохристијански и конзервативни ставови.

Инакум веднаш по објавувањето на идејата реагираше Хелсиншкиот комитет кој оцени Македонија го следи примерот на најконзервативните општества, бидејќи тоа се случило во Унгарија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG