Достапни линкови

Брдо пари за слави, а црквите недоизградени


Главна карактеристика на верските слави се богати трпези за кои се потребни поприлично повеќе пари. Од друга страна, црквите кои се во фаза на изградба постојано преку јавни повици бараат верниците да донираат средства.

Црквата Свети Георгиј Победоносец во тетовска Мала Речица откако целосно беше изгорена во 2001 година, почна да се обновува во 2010. Изградбата се одвива веќе 4 години, во зависност од тоа колку пари на располагање има иницијативниот одбор, пари донација од верниците.
Еве јас , лани ми падна за Ѓурѓовден тука паричето, веридба направив. Се направи есап колку ќе чини јадење, пиење, ама за ова ќе најде секој, дека за здравје е, за убаво е.
Дарко Гавровски, кум на црковна прослава.


Од друга страна, верниците исто така даваат пари за одбележување на неколку црковни празници, чија главна карактеристика e подготвување ручек за неколку стотини гости. Нешто слично се случува и околу домашните слави. Одбележувањето на денот на светецот кој е заштитник на нечиј дом се прави со богати трпеза.


Дарко Гавровски кој беше кум на црковна прослава тврди дека тоа носи среќа, па затоа верниците се дарежливи со цел да се подготви богата трпеза. Слично е објаснувањето за домашните слави. Се смета дека дарежливоста носи многу здравје и благосостојба.
Секој доаѓа да изрази чест и почит кон семејството, а ова се однесува и до селските слави кога треба повеќе внимание да обрнеме на верскиот, отколку на овој телесниот материјален дел.
Отец Дарко Наумовски.


„Треба да имаш среќа, навистина. Господ да те одбере за да се падне паричето, за да се биде кум. И навистина тој што е кум цела година го тера среќа. Еве јас , лани ми падна за Ѓурѓовден тука паричето, веридба направив. Се направи есап колку ќе чини јадење, пиење, ама за ова ќе најде секој, дека за здравје е, за убаво е“, вели Дарко Гавровски.

Отец Дарко Наумовски, намесник на тетовското намесништво, вели дека православната црква ги упатува верниците кон суштината на празнувањето, додека формата ја определувааат самите домаќини. Суштина на празнувањето е молитвата, а неопходни се еден славски колач, пченица, чаша вино и палењето свеќа, што отсликуваат бескрвна жртва.

„Што се однесува на вториот дел, а тоа е пречекувањето на гостите треба да биде извршено во граници на можностите. Не треба и толку да се придава важност на материјалниот дел да речеме. Скромно треба да помине сето тоа. Секој доаѓа да изрази чест и почит кон семејството, а ова се однесува и до селските слави кога треба повеќе внимание да обрнеме на верскиот, отколку на овој телесниот материјален дел“, вели отец Дарко Наумовски.

Верниците и свештениците уверуваат дека црковните празници се место и време кога покрај потрошеното за прославата се донираат средства за градење или обновување на црквите.
XS
SM
MD
LG