Достапни линкови

Неделен печат - Тужби за клевета и медиуми


Глобус пишува за замолчувањето на неистомислениците на власта преку драконските казни за клевета, Република дека Македонските Албанци ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ, а Фокус ја анализира состојбата со медиумите.

Глобус - Аргументите на сила

Тужбите за клевета поднесувани од високи претставници на власта, кои се покажаа пречувствителни и со многу нежни души, досега имаа за цел замолчување на новинарите „предавници“.
Глобус.
„Аргументите на сила“ - како што е насловена колумната во он-лајн магазинот Глобус раскажува на кој начин во Македонија е надграден и проширен политичкиот дијалог: наместо во институциите, власта и опозицијата „дијалогот“ го водат низ судниците и ходниците на најнезависното судство на планетата Земја, иронизира авторот. Повод за колумната е најновата тужба од премиерот Груевски против лидерот на опозицијата Заев, при што премиерот бара оштета од лидерот на опозициската партија од 500 илјади евра. Тужбите за клевета поднесувани од високи претставници на власта, кои се покажаа пречувствителни и со многу нежни души, досега имаа за цел замолчување на новинарите „предавници“. Но, надградбата и проширувањето на клеветата со тужби и против политичарите не може да ја запрат опозицијата. Кога оние што се на власт преку судови докажуваат дека се во право, тоа е доказ дека тие, или не сакаат дијалог со опозицијата или немаат други аргументи, освен сила. Тоа е типично за диктатура. А откако ќе падне, а сè има крај, сегашниот режим веројатно ќе се „слави“ во Музејот на ВМРО, ама со сосема поинаква поставка и содржина, завршува колумната во Глобус.
Тогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не беше на власт, а вестите почнуваа и завршуваа со самонаречени скандали и афери, што широко го отвораше патот на новата технократска влада.
Фокус,

Република - Македонските Албанци ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

Република излегува со теза дека македонските Албанци ја гледале иднината во ВМРО-ДПМНЕ, затоа што ги интересирала економијата. Имено, пишува неделникот, албанската јавност во Македонија чека да го види резултатот од договорите за новиот владин кабинет. Кои ресори ги презема ДУИ, но и што ќе обезбеди Тачи од поддршката на власта. А во меѓувреме, Република открива дека е сè поприсутно мислењето албански интелектуалци и други да се приклучат кон владејачката партија од македонскиот кампус, го пренесува неделникот мислењето на неидентификуван политички аналитичар Албанец.

Фокус – Кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, медиумите не ја бојкотираа

Новинарите во Македонија одамна не ги паметат оние ужасни денови кога можеше кој што сака да кокодака, кога опозицијата шеташе од телевизија на телевизија - пишува Фокус во најновиот број. Тогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не беше на власт, а вестите почнуваа и завршуваа со самонаречени скандали и афери, што широко го отвораше патот на новата технократска влада. За 2006-та зборуваме, за истата онаа во која Груевски дојде на власт потпомогнат од нас, верните сојузници на идната преродба, како зародиш на една нова, економски силна Македонија, политички поттурната кон ЕУ, токму поради идејата за формирано граѓанско општество. Визионери, бре, алал да ни е! - извикува на крајот иронично самокритички авторот на уводникот во Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG