Достапни линкови

САД и НАТО со постојани сили во Источна Европа


Претседателот Барак Обама во Варшава ја реафирмира американската посветеност на безбедноста во Европа. Тој предложи дополнителни една милијарда долари за распоредување американски сили во Источна Европа. Во меѓувреме министрите за одбрана на НАТО со денешниот состанок во Брисел ја почнуваат расправата за стационирање постојани сили во Источна Европа.

Да не се лажеме. Ова е клучот на се што се случува тука во НАТО, изјави висок претставник на Алијансата во врска со можното распоредување постојани сили во Источна Европа.
Нашата посветеност кон безбедноста на Полска, како и безбедноста на нашите сојузници во Централна и Источна Европа е клучна за нашата сопствена безбедност и таа е неприкосновена. Со оглед на ситуацијата во Украина, токму сега го зголемивме нашето американско присуство. Тоа истото го прави и НАТО.
Барак Обама, претседател на САД.


Во моментот е во сила договорот со Русија од 1997 година со кој Алијансата се откажува од натамошно перманентно стационирање значителни борбени сили.
Претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Полска Бронислав Коморовски во Варшава
Претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Полска Бронислав Коморовски во Варшава


Неколку земји од поранешниот советски блок кои во меѓувреме му се приклучија на НАТО изразија страхување за нивната безбедност откако Русија го анектира Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во Украина.

Американскиот претседател Барак Обама кој денеска ја почна неколкудневната европска турнеја во Варшава изјави дека за таа цел се зголемува американското воено присуство во источниот дел на Европа.

„Нашата посветеност кон безбедноста на Полска, како и безбедноста на нашите сојузници во Централна и Источна Европа е клучна за нашата сопствена безбедност и таа е неприкосновена. Со оглед на ситуацијата во Украина, токму сега го зголемивме нашето американско присуство. Тоа истото го прави и НАТО“, рече Обама.
Презедовме итни мерки и сега разгледуваме натамошни долгорочни мерки за да ја зацврстиме колективната одбрана.
Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.

Тој предложи до Конгресот да бидат одобрени дополнители милијрада долари за натамошното американско присуство во Источна Европа што веднаш беше поздравено од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

„Презедовме итни мерки и сега разгледуваме натамошни долгорочни мерки за да ја зацврстиме колективната одбрана“, рече Расмусен.

Според висок претставник на Алијансата, НАТО би можел да реши да распореди постојани сили во овие земји, бидејќи Русија го прекрши договорот од 1997 година со инвазијата врз Украина.

„НАТО не сака да го искине правилникот како што тоа го направи Русија и добро ќе го проучи јазикот на договорот меѓу двете страни со цел да види дали таквото постојано распоредување е во согласност со договореното“, изјави претставикот, прашувајќи:

„Што значат суштински борбени сили? Бригада, дивизија. Тоа не е утврдено, како што не утврдено што се подразбира под перманентни сили: Дали тоа значи постојано ротирање на војници?“, рече тој.

Како и да е, секоја одлука за ваквото распоредување би требало да биде донесена на самитот на НАТО во септември во Велс. Проценката секако е условена од она што се случува и ќе се случува во Украина.

„Јас би рекол дека постои многу простор меѓу она што сега го правиме во источните земји или она што го правевме пред украинската криза, што суштински беше многу, многу мало НАТО присуство, и евентуалното бришење на придавките како перманентно и значително присуство“, изјави американскиот амбасадор во НАТО Даглас Лут.

Алијансата веќе ги засили воздушните патроли врз трите балтички земји и испрати привремени воени контингенти во источните членки.
претседателот на САД Барак Обама и генерланиот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен
претседателот на САД Барак Обама и генерланиот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен


Според руската државна новинска агенција РИА Новости, рускиот постојан претставник во НАТО Александар Грушко оцени дека активностите на алијансата на границата со Русија се без преседан и придонесуваат за намалување на стабилноста и безбедноста во евроатлантскиот регион.

Ваквата негова оценка, според извори на НАТО, претставува само повторување на обвинувањата од Москва и тамошните државни медиуми кои Вашингтон го обвинуваат за ширење на „гола пропаганда“.

„Тоа е токму истото клише и истата пропаганда во која само Русија може да верува“, велат во Брисел. Русија постојано демантира дека ги поддржува промосковските бунтовници во источна Украина, на што Западот не и верува и смета дека станува збор за очигледно апсурднa лага.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG