Достапни линкови

СДСМ – Kонгрес за консолидација или поделби?


Независно од тоа дали СДСМ ќе продолжи да ја води актуелното раководство или пак тоа ќе биде некој нов тим, на партијата ќе и треба долго време за консолидација на своите редови.

Во пресрет на конгресот на СДСМ за гласање на доверба, аналитичарите се воздржани околу неговиот исход и случувањата во партијата потоа. Колку и да звучи парадоксално, успехот на партијата по 11 мај, ќе зависи и од оние кои ќе изгубат, но и од оние кои ќе добијат на конгресот, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Не верувам дека, без оглед на исходот од конгресот, дека зајакнувањето и заздравувањето на СДСМ ќе оди многу брзо, сепак ќе бидат потребни месеци, па дури можеби и некоја година.
Петар Арсовски, политички аналитичар.


„Успехот на најголемата опозициска партија зависи од тоа колку ќе остане таа после конгресот единствена и колку они кои ќе изгубат на конгресот сепак ќе дадат поддршка на новото раководство за спроведување на нивната понатамошна стратегија и платформа“, вели Арсовски.
Раководството на СДСМ.
Раководството на СДСМ.


Независно од тоа дали партијата ќе продолжи да ја води актуелното раководство или пак тоа ќе биде некој нов тим, партијата мора да работи на поголема вклученост во политичкиот амбиент во земјава, смета аналитичарот Рамадан Рамадани.
Довербата на конгресот е извесна, јас лично очекувам преку две-третини од делегатите да гласаат за доверба.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.


„Веќе е очигледно дека СДСМ карши себе има работа со машинерија која може да ја победи само ако додаде на бројот на потенцијални гласови, како што беше случајот со добриот избор на Стево Пендаровски како кандидат за претседател на Македонија, и таму се појавува таа разлика, разликата е во оснажнување на инклузивноста.“

Несогласувањата во партијата за кои се зборува во јавноста, според експертите не е невообичаена за партија која менува стратегија. Дискусијата е остра, но несогласувањата се нормални, особено кога се работи за различен пристап во политиката и демократијата во земјава, потенцира Арсовски.

„Не верувам дека, без оглед на исходот од конгресот, дека зајакнувањето и заздравувањето на СДСМ ќе оди многу брзо, сепак ќе бидат потребни месеци, па дури можеби и некоја година за да се исчистат целосно внатрешните несогласувања, да се постигне некаква нова платформа и да може СДСМ да настапи посериозно на политичката сцена, бидејќи имаат доста работа надвор во партијата.“

Рамадани пак вели дека несогласувањата во партијата нема да се продлабочат ако партијата има конзистентен став во врска со изборите и изборниот процес.

Лидерот на СДСМ пак, Зоран Заев е оптимист дека на конгресот во недела, актуелното раководство на партијата ќе ја добие поддршката од членството, но истовремено признава дека постои група на социјалдемократи кои мислат дека ова раководство треба да си замине.

„Довербата на конгресот е извесна, јас лично очекувам преку две-третини од делегатите да гласаат за доверба, кои заради тоа што се шпекулира во јавноста дека имало струи, разноликости, проблеми, одредени состојби коишто фрлаат лошо светло врз СДСМ, тоа е дефинитивно демократичноста и дебатата којашто постои во СДСМ“, изјави Заев.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG