Достапни линкови

Битолчани од новата Влада бараат вработувања


Статистиката покажува дека на крајот на минатата година имало околу 7.000 невработени битолчани што е за околу 8.000 помалку од 2012-та, сепак најчести се граѓанските барања и апели за нови работи места.

Повеќе вработувања. Ова и понатаму останува главното очекување на битолчани од новата Влада, што треба да се формира по одржаните парламентрани избори. Иако статистиката покажува дека на крајот на минатата година имало околу 7.000 невработени што е за околу 8.000 помалку од 2012-та, сепак најчести се граѓанските барања и апели за нови работи места.
Се надеваме на подобро, вработување, подобар живот, да не си одат младите од земјата.
Анкетиран граѓанин.


„Се надеваме на подобро, вработување, подобар живот, да не си одат младите од земјата.“

„Вработување на младите, тоа е најважно.“

„Подобро нешто мислиме дека ќе биде вработување, подобар живот, плати. Ќе видиме крајот го краси делото.“

„Јас сум се сторила 80 години, го поминав животот, важна е иднината на младите. Вработување, сакаат младите добар живот, не сакаат да живеат како ние во минатото.“
Се обраќаме и до приватни фирми кои бараат работна рака на определено време. Но, има и високообразовани кадри со многу висок просек се јавуваат и бараат помош, контакт за работа.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Да живееме подобро, да имаат младите подобар живот, да не се иселуваат, , да има млади покрај старите“, велат битолчани кои ги анкетиравме.

Покрај предизборните ветувања на партијата која повторно ја освои власта ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе обезбедат 64.000 нови вработувања, од кои дел и во локалните средини, и општина Битола се обидува да го реши овој горлив проблем.

Градоначалникот Владимир Талески вели дека прават се што можат да ја намалат невработеноста.

„Наша сограѓанка која има завршено основно училиште, малку бракот и е разнишан, има детенце. Не може да работи во смени, не сака да работи попладне, не и одговара 8 часовно работно време. Бара некаде да се најде работа за да може да си ги плаќа сметките. Тука е многу тешко да помогнете. Не знам дали се уште постои по организациите систематизација која предивидува осмо одделение. Се обраќаме и до приватни фирми кои бараат работна рака на определено време. Но, има и високообразовани кадри со многу висок просек се јавуваат и бараат помош, контакт за работа“, изјави Талески.

Според него невработеноста во Битола се намалила со отворањето на фабриката „Кронберт и Шуберт“ каде веќе работат над 1.000 граѓани, а годинава се очекува работа да добијат уште 500.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG