Достапни линкови

Груевски горд - Заев не признава


Никола Груевски е горд на успешно спроведени избори, кои лидерот на опозицијата Зоран Заев ги нарече изборен крадеж на власта, која го контролираше својот народ.

ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеничко место, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, а ГРОМ и НДП по едно пратеничко место на вонредните парламентарни избори. Тоа се официјалните резултати кои ги соопшти ДИК по пребројани речиси 100 проценти од гласовите. На претседателските избори победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со 534.134 гласови, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски освои 398 008 гласови.
Имавме ефективни избори без какви било сериозни инциденти или проблеми. Можеме да бидеме горди на тоа. Браво. Честитки.
Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по победата изјави дека Македонија имала успешни избори, кои биле фер и слободни.

„Имавме ефективни избори без какви било сериозни инциденти или проблеми. Можеме да бидеме горди на тоа. Браво. Честитки“, рече Груевски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште пред објавувањето не ги призна резултатите од изборите. Партијата нотирала низа нерегуларности кои се случувале во текот на изборниот ден, но и во предизборието.
Власта спроведе изборен грабеж. Нема член од Изборниот закон што власта не го прекрши. Нема. Сите членови и од Кривичниот законик што се однесуваат на изборите се прекршени. На овие избори власта го контролираше својот народ.
Зоран Заев, СДСМ.

„Власта спроведе изборен грабеж. Нема член од Изборниот закон што власта не го прекрши. Нема. Сите членови и од Кривичниот законик што се однесуваат на изборите се прекршени. На овие избори власта го контролираше својот народ“, рече Заев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, при прославата во Тетово, изјави дека оствариле убедлива и историска победа, без да ги коментира тврдењата на СДСМ.

„Им благодариме на граѓаните, на сите за овој добар изборен процес“, рече Ахмети.

За претседателот на ДПА, Мендух Тачи на прв поглед изборите биле мирни, но тие поминале со закани, уцени, полнење на гласачки кутии и купување на гласови. Но, тој не ги призна само резултатите на ДУИ на изборите и порача дека ќе преговара за влез во владата.

„Резултатот на ДУИ не ме интересира и не им ги признавам резултатите, особено на околу 30 отсто од гласачките места. Не можам цивилна војна да водам со нив, но изборите не им ги признавам“, рече Тачи.

И лидерот на НДП Руфи Османи обвини за фалсификати, притисоци и уцени врз гласачите и изјави дека на највисокиот орган на партијата ќе ѝ биде предложена одлука да не ги признае изборите. ГРОМ ги оцени изборите како фер и демократски и партијата соопшти дека партијата не утврдила никакви неправилности.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG