Достапни линкови

Руски санкции кон Црна Гора?


Весникот „Руска газета“ ја објави можноста за наметнување санкции кон Црна Гора како одговор на нејзината одлука да им се приклучи на санкциите на Европската унија против Русија. Ова предизвика внимание, бидејки весникот е контролиран од руската влада.

Црногорското Министерство за надворешни работи засега не сака да ги коментира тврдењата дека официјален Кремљ ја разгледува можноста за наметнување на санкции против Црна Гора, како одговор на одлуката на Подгорица да им се приклучи на санкциите на ЕУ против руските официјални претставници во време кога започна воената и политичка кампања на Kрим.


Mинистерството за надворешни работи нема најава за воведување на потенцијалните санкции од Русија и најава за наводно укинување на безвизниот режим и олеснувањето на трговијата на Русија со Црна Гора.

Во написот имено се наведува и дека од руски пари зависи БДП на Црна Гора , како и дека се размислува за санкции, за промените на условите на увоз на вино од Црна Гора што ќе влијае и врз приливот на туристи од Русија во Црна Гора.
Русија сега гради еден црно - бел свет во смисла - кој не е наш пријател, тој е наш непријател.


На прашањето колку сериозно да се разбере текстот на про-владиниот весник, уредникот на програмата за Русија на Радио Слободна Европа Андреј Шари вели:

„Ова не е про-владин весник – тој е владин весник и тоа не е новинарски напис. Тоа е како допис на Владата или на Министерството за надворешни работи на Русија. И затоа тоа е чиста закана. Стилот на пишувањето е канцелариски.“

Шари вака ја толкува заканата која е содржана во текстот на Руска Газета:

„Тоа е идеолошка закана. Русија сега гради еден црно - бел свет во смисла - кој не е наш пријател, тој е наш непријател. Црногорците беа досега со нас и сега не предадоа, а бидејќи сега тие не се наши пријатели, ние нема да пиеме Вранец. Јас се шегувам, но тоа е така“, вели Андреј Шари.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG