Достапни линкови

Молк на партиските карвани, Македонија бира претседател


Ова се петти непосредни претседателски избори во земјата. Новиот претседател ќе се избира меѓу Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат на ДПА. Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март. Ако по утрешното гласање никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Граѓаните по петти пат на непосредни избори ќе избираат шеф на државата. Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за утрешните избори. Право на глас во првиот круг од изборите имаат 1.779.572 граѓани. Од ДИК соопштија дека во посебните избирачки списоци се запишани 1.707.228 гласачи, а оти на привремена работа во странство се 70.305. Од нив 8.332 се пријавиле да гласаат во дипломатско конзуларните претставништва.
Позадината на гласачкото ливче е со боја, не може да се види за кој број е гласано, таа позадина е заштитена не може да се види кој број е закружен.
Субхи Јакупи, ДИК.


Државната изборна комисија веќе го дистрибуираше избирачкиот материјал за претседателски избори. Според утврдената единствена листа на кандидати за претседател на Република Македонија, на гласачкото ливче под реден број 1 е Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, под реден број 2 е Илијаз Халими, кандидат на ДПА, под реден број 3 е Стево Пендароски, кандидат од СДСМ и под реден број 4 е Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ.
икола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.
икола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.


Гласачкото ливче целосно заштитено

Според заменик претседателот на ДИК Субхи Јакупи извршени се поголеми подготовки за да се отстранат некои недостатоци кои ги следеа претходните избори. Тој убедува дека гласачкото ливче е целосно заштитено.

За гласањето во дијаспората, што се одржува денеска на ден пред изборите, пријавени се 8.332 македонски државјани, од 70.305 запишани во избирачкиот список.
​„Позадината на гласачкото ливче е со боја, не може да се види за кој број е гласано, таа позадина е заштитена не може да се види кој број е закружен“, вели тој.

Јакупи уверува и дека се решени и дилемите околу тоа дали при гласањето на дијаспората, болните и лицата кои издржуваат затворска казна може да се дознае кој како гласал.


„Гласачките ливчиња се заштитени, тие не се отвараат веднаш, туку се ставаат во купот со другите ливчиња на денот на изборите, и на крај кога се отвораат кутиите не може да знаеш дали се тие ливчиња на кои гласале, болните, немоќните итн“, објаснува Јакупи.
За следење на претседателските и предвремените парламентарни избори досега се акредитирани 8325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи.


Гласање - дијаспора и предвремено

Оваа година првпат на претседателски избори ќе можат да гласаат и македонски државјани кои работат или престојуваат во странство.

За гласањето во дијаспората, што се одржува денеска на ден пред изборите, пријавени се 8.332 македонски државјани, од 70.305 запишани во избирачкиот список. Во ИЕ 7 (Европа и Африка) ќе можат да гласаат 5.892 македонски државјани, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) - 1.426 и во ИЕ 9 (Австралија и Азија) – 1.014.

Гласање ќе има во 34 избирачки места во дијаспората, од вкупно 47. Нема да се гласа во 13 избирачки места бидејќи таму се пријавени помалку од 10 избирачи.

Денеска гласаат и 39 внатрешно раселени лица, како и војниците, болните и немоќните лица, 1.706 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор и доколку се пријавиле лица во домашен притвор. Скопскиот Кривичен суд минатата недела достави список со 96 лица кои ја издржуваат мерката куќен притвор. Во куќен притвор се дел од осомничените во „Шпион“, „Претседавач“, „Фаланга“...
Важно е да се нагласи дека нашата улога тука е да набљудуваме и да известуваме, а не да се мешаме. Нас не не интересира исходот на изборите, туку не интересира самото гласање, неговото броење и табелирање.
Герт Хајнрих Аренс, Амбасадор на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија.


До Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале 7.574 барања за гласање на болни и немоќни лица за утрешните претседателски избори. Дел од членовите на ДИК се посомневаа во лекарските уверенија за овие лица, со оглед на тоа што во некои општини по неколку стотини лица добиле вакви уверенија.

Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.
Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.
Според Упатството што го усвои ДИК, ден пред претседателските избори право на глас ќе имаат само лицата кои се неподвижни и кои не можат сами да се хранат и да одржуваат лична хигиена. За да може да гласаат треба да имаат и документ за нега од трето лице.

Набљудувачи

Ние ќе имаме ист број на набљудувачи во сите изборни единици. Секако покрај овие статични набљудувачи ние имаме мобилни тимови коишто ќе работат на терен и кои, секако доколку има потреба, ќе покрија одредени избирачки места.
Теодора Поповска, МОСТ.
За следење на претседателските и предвремените парламентарни избори досега се акредитирани 8325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ досега акредитирала 1.790 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 4.970, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 1.500, ЦИВИЛ-Центар за слобода 50 набљудувачи, Здружението на граѓани - Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.


Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 41 набљудувач, ОБСЕ 91 набљудувач, Парламентарното собрание на Советот на Европа 21, ЕУ - 27 набљудувачи, амбасадите на САД - 27 набљудувачи, на Шведска 13, на Италија 12, на Турција - 11, на Франција осум, на Бугарија и Холандија по шест, на Косово - пет, на Словенија - четворица, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Германија, Катар, Црна Гора и Србија по еден набљудувач и на Данската организација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач.
Би сакал во името на Цивил да упатам апел, пред сè до граѓанките и граѓаните на Република Македонија да го остварат своето гласачко право слободно и достоинствено и да не дозволат да станат жртви на притисоците и манипулациите од која и да е политичка партија во земјата.
Џабир Дерала, Цивил.


Барањето за акредитација до ДИК за претседателските избори заврши, додека за парламентарните избори според Роковникот на Комисијата е до 22 април.

Амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија Герт Хајнрих Аренс вели дека на изборите ќе набљудуваат дали нивното одвивање е усогласено со обврските кон ОБСЕ и кон правните стандарди на земјата.

„Важно е да се нагласи дека нашата улога тука е да набљудуваме и да известуваме, а не да се мешаме. Нас не не интересира исходот на изборите, туку не интересира самото гласање, неговото броење и табелирање“, рече неодамна тој.


Извештај на ОБСЕ/ОДИХР

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР минатата недела го објави периодичниот извештај од мониторирањето во периодот од 10 до 26 март за претседателските и предвремените парламентарни избори закажани за 13 и 27 април.
За изборната кампања на Иванов донирале 595 лица. На листата на донаторите се јавуваат пејачи, фирми, кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори, актуелни и поранешни министри, градоначалници.


„Измените на Изборниот законик од јануари претставуваат напор да се одговори на најголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак, голем број на прашања кои се предмет на загриженост остануваат неодговорени, вклучувајќи го и прашањето на нееднаквост на гласовите од гласањето во земјата и во странство, нееднаквост на мандатите на парламентарните избори во странство, и условот за обезбедување на најмалку 40 отсто излезност во вториот круг на претседателските избори“, се наведува во текстот.

Од набљудувачката мисија наведуваат дека кандидатите за избор на претседател на Републиката започнаа да ги промовираат своите кандидатури во текот на нивните посети низ земјата пред започнување на кампањата.
Според податоците, во финансискиот извештај за изборната кампања на кандидатот од ДПА Илаз Халими, стои дека нема никакви приходи ниту расходи.

Во Извештајот се наведува дека почетокот на кампањата беше обележан со реторика на етничка поделеност.

МОСТ - „Домашно набљудување на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014“


Во функција на спроведување фер и слободни избори, Граѓанската асоцијација МОСТ досега има набљудувано десет изборни процеси. МОСТ има 17 регионални канцеларии каде граѓаните ќе може да се информираат и да се пожалат ако им се нарушени нивните права како гласачи. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.
Превзедовме се што е неопходно, во смисла на обука на полициските службеници за начинот на постапување во време на избори и во смисла на поставување безбедносни планови со кои веруваме дека ќе ја гарантираат безбедноста на јавниот ред и мир.
Гордана Јанкулоска, МВР.


Оваа година нема да има набљудувачи во две смени, туку сите ангажирани ќе го набљудуваат гласањето на гласачкото место, од отворањето до објавувањето на резултатите. Ваквиот принцип на работа е поради комплексноста на двата изборни циклуси кои течат напоредно, а заради задржување на истиот квалитет на добиени податоци како на претходните изборни циклуси.

Теодора Поповска од МОСТ вели дека како и секогаш ќе бидат покриени повеќе од 40 проценти од гласачките места.

„Согласно меѓународно призната методологија за домашно набљудување на избори што МОСТ ја применува, ние никогаш не сме ни ставале повеќе набљудувачи на одредени избори места, пред се зашто таа методологија подразбира регионално распоредување на набљудувачите, па така ние ќе имаме ист број на набљудувачи во сите изборни единици. Секако покрај овие статични набљудувачи ние имаме мобилни тимови коишто ќе работат на терен и кои, секако доколку има потреба, ќе покрија одредени избирачки места“, вели Теодора Поповска од МОСТ.
Граѓаните кои ги изгубиле личните документи или ги оштетиле, ќе можат до самиот ден на гласање да ги заменат.


Проектот „Домашно набљудување на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, a е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и од Амбасадата на Кралството Холандија.


Цивил – „Слободни избори 2014“

Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија, во 1994, 1999, 2004 и 2009 година.
Цивил – Центар за слобода го спроведува проектот Слободни избори 2014. Претседателот на Цивил Џабир Дерала вели дека проектот се состои во подолгорочно набљудување на политичката ситуација од различни аспекти, меѓутоа најмногу од аспект на почитување на човековите права и слободи, а тука спаѓаат и правото на избор, на слободна волја на граѓаните.
Киро Глигоров.
Киро Глигоров.


Цивил на денот на изборите, односно утре и на 27 април, ќе отвори прес центарот во клубот ГЕМ во старата скопска Чаршија. Прес центарот ќе работи од 7 часот наутро до полноќ, а прес конференциите ќе се одржуваат на секои два часа, сè до полноќ. Цивил ги поканува невладините организации и граѓаните да дојдат во центарот со свои информации и согледувања за текот на гласањето, односно текот на изборниот процес.

Вториот претседател Борис Трајковски ја извршуваше функцијата до 26 февруари 2004 година, кога загина во авионска несреќа кај Мостар.
Цивил во прелиминарен извештај за текот на изборниот процес во Македонија, забележува предвремено започнување на кампањите, злоупотреба на јавните ресурси, изборни вработувања, како и сомнежи за постоење двојни лични карти и жители на непостоечки адреси кои се наоѓаат на избирачкиот список.
Борис Трајковски.
Борис Трајковски.


„Наш принцип е во овие прелиминарни извештаи да избегнуваме споменување на политички партии и поединци, меѓутоа можам да ви кажам дека нема партија што нема барем мал грев во изборниот процес во Република Македонија, како на минатите така и на овие избори“, изјави претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Тој упати апел за достоинствени избори.

За трет претседател на Македонија беше избран Бранко Црвенковски. ВМРО-ДПМНЕ побара поништување на изборите, обвини за изборен фалсификат и го оспори легитимитетот на Црвенковски.
„Би сакал во името на Цивил да упатам апел, пред сè до граѓанките и граѓаните на Република Македонија да го остварат своето гласачко право слободно и достоинствено и да не дозволат да станат жртви на притисоците и манипулациите од која и да е политичка партија во земјата“, рече Дерала.

Бранко Црвенковски.
Бранко Црвенковски.
Првиот круг на претседателските избори ќе го мониторира и Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) составена од 13 членови и предводена од австрискиот пратеник Стефан Шенаш. Делегацијата престојува во Македонија од 10 до 14 април и работи заедно со набљудувачите од Бирото за демократски институции и правата на човекот на ОБСЕ. Делегацијата на ПССЕ е придружувана и од Овен Мастерс, член на Венецијанската комисија - групата на независни правни експерти на Советот на Европа, кој ќе треба да даде правен совет за време на оваа посета. Претходно, една делегација на ПССЕ беше во предизборна мисија во Македонија на 11 и 12 март годинава.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој на 13 април ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.


Кој колку трошел во предизборието?

Државниот завод за ревизија ги објави Финансиските извештаи за приходите и расходите на изборната кампања на кандидатите за претседател за претстојните претседателски избори. Податоците се за период од почетокот на кампањата до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.


На жиро сметката за изборната кампања за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов, вкупните приходи изнесуваат 232.624 евра и сите се по основ на донации. Вкупните расходи пак 506.491 евра, односно трошењата се надминати за 273.866 евра. За изборната кампања на Иванов донирале 595 лица. На листата на донаторите се јавуваат пејачи, фирми, кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори, актуелни и поранешни министри, градоначалници.

Вкупните приходи на жиро-сметката за изборната кампања за кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски изнесуваат 99.661 евра, од нив приходите од донации изнесуваат 1.847 евра, а другите приходи 97.815 евра.
Вкупните расходи изнесуваат 92.094 евра. На изборната сметка има вишок од 7.567 евра. Како донатори се јавуваат шест лица.

Според податоците од државната ревизија, вкупните приходи на жиро-сметката за изборната кампања на кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски изнесуваат 8.130 евра, сите се по основ на донации и се потрошени за реклами и пропаганда. На изборната жиро сметка на Поповски донирале 9 лица.

Според податоците, во финансискиот извештај за изборната кампања на кандидатот од ДПА Илијаз Халими, стои дека нема никакви приходи ниту расходи.

Полицијата подготвена за изборниот ден

Според оценките на МВР предизборен период се одвивал мирно, а кампањата помина во фер и демократска атмосфера. Седум илјади полицајци се грижат да се чува редот и мирот за време на изборниот процес. Освен главниот Оперативен штаб, за изборите 2014, на ниво на сектори за внатрешни работи се формирани регионални оперативни штабови, а полицијата ќе се координира и со Јавното обвинителство, бидејќи доколку се случат инциденти, постапката за нив е итна и во согласност со измените во Законот за кривична постапка, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Презедовме се што е неопходно, во смисла на обука на полициските службеници за начинот на постапување во време на избори и во смисла на поставување безбедносни планови со кои веруваме дека ќе ја гарантираат безбедноста на јавниот ред и мир, а и да дадат дополнителен придонес барем во рамките на нашите надлежности за одржување на слободни фер и демократски избори“, изјави Јанкулоска.

Граѓаните кои ги изгубиле личните документи или ги оштетиле, ќе можат до самиот ден на гласање да ги заменат.

Петти непосредни претседателски избори

Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија, во 1994, 1999, 2004 и 2009 година. Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров не беше избран на непосредни избори, туку од Собранието на 27 јануари 1991 година, согласно тогашните уставни решенија.

Киро Глигоров, вториот претседателски мандат го доби на првите непосредни избори за шеф на државата одржани на 16 октомври 1994 година. Негов противкандидат беше режисерот Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Мисијата на ОБСЕ тогашна КЕБС, ги оцени изборите за претседател како регуларни.

Вторите претседателски избори во Македонија беа одржани на 31 октомври и 14 ноември 1999 година. На овие избори учествуваа шест кандидати, Борис Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ, Тито Петковски од СДСМ, Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили и Стојан Андов. Во вториот круг влегоа Трајковски и Петковски, а победник на изборите беше Трајковски. СДСМ не ги призна резултатите од вториот круг, обвини за изборни нерегуларности и го оспори легитимитетот на Трајковски. ОБСЕ ги оцени изборите како задоволителни, со забележани неправилности во западна Македонија и во околината на Скопје. Борис Трајковски ја извршуваше функцијата до 26 февруари 2004 година, кога загина во авионска несреќа кај Мостар.

По смртта на претседателот Трајковски, Собранието на Република Македонија ги закажа третите вонредни претседателски избори во Македонија. Првиот круг се одржа на 14-ти, а вториот круг на 28 април 2004 година. Кандидати во првиот круг беа Бранко Црвенковски од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ и Зуди Џелили од ДПА. Во вториот круг се пласираа Црвенковски и Кедев. За трет претседател на Македонија беше избран Бранко Црвенковски. ВМРО-ДПМНЕ побара поништување на изборите, обвини за изборен фалсификат и го оспори легитимитетот на Црвенковски.

Четвртите претседателски избори во Македонија беа одржани на на 22 март и 5 април 2009. Учествуваа седум кандидати. Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен, Агрон Буџаку од Демократска унија за интеграција, Нано Ружин од Либерално демократска партија и Мируше Хоџа од Демократска партија на Албанците. За претседател беше избран Ѓорге Иванов.

Новиот претседател, кој ќе ја добие довербата од граѓаните должноста треба да ја преземе по 12 мај кога, според Уставот, му истекува петгодишниот претседателски мандат на Ѓорге Иванов.

Македонија гласа за шеф на државата

Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март 2014 година, а убедувањето на граѓаните зошто да им ја дадат довербата заврши со изборен молк кој започна синоќа на полноќ. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на 13 април ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка.

Според Изборниот законик, гласачките места започнуваат со работа во 7 часот наутро и гласањето трае непрекинато до 19 часот. Доколку се доцнело со почеток на гласањето, гласањето продолжува за онолку време колку што задоцнило. Гласачките места затвараат во 19 часот, но на оние гласачи кои се затекнале на местото на гласањето ќе им биде овозможено да си го остварат своето право на глас.

Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список, но не започнува со броење на гласовите пред 19,00 часот. Ако гласањето е прекинато подолго од 1 час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од 3 часа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG