Достапни линкови

Србија избира нов Парламент


Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, а во Белград и избори за Собранието на градот.

Граѓаните на Србија денеска избираат нов состав на Парламентот.На вонредните парламентарни избори учествуваат 19 партии и коалиции кои предложија 3020 кандидати за 250 пратенички мандати. Право на глас имаат над 6,76 милиони граѓани на Србија кои се изјаснуваат за составот на новото српско Народно собрание а во Белград и за новото Собрание на градот.
До 14 часот според податоците на Централната изборна комисија во Србија гласале 27.7 проценти од гласачите. Најмногу граѓани со право на глас излегле во Централна Србија каде гласале 28,9 проценти, во Војводина 26,9 и во Белград 26,3 проценти. Според Комисијата од почетокот на гласањето имало неколку неправионости но тие не може да го доведат во прашање интегритетот на изборната постапка .
.

На избориte до 10 часот излегле 9.09 проценти од избирачите,изјави претседателот на изборната Комисија Дејан Џуревиќ.Тој посочи дека тоа е помaлку од излезноста на изборите во 2012 година.Изборите поминуваат без поголеми и неправилности.


За изборот на Парламентот на Србија гласаат и Косовските Срби.
Мисијата на ОБСЕ на Косово денеска отвори 10 центри за собирање на гласовите од 15 ограноци ширум земјата.До 10 часот излегле 3.174 избирачи од вкупно 107,95.




На изборите има 8.262 избирачки места на територијата на Војводина, Централна Србија како и во затворите, на Косово 90, а во 20 странски држави 35 избирачки места.


Александар Вучиќ.
Александар Вучиќ.
Традиционално, граѓаните своето гласачко право ќе можат да го остварат од седум до 20 часот. Согласно српското законодавство, забранети се излезни анкети на избирачките места, а првите неофицијални резултати се очекуваат денеска пред полноќ. На изборите има 8.262 избирачки места на територијата на Војводина, Централна Србија како и во затворите, на Косово 90, а во 20 странски држави 35 избирачки места.
Слабата економија на земјата беше една од водечките тема на кампањата. Една петтина од работната сила на Србија е невработена, а просечната месечна плата изнесува 350 евра.



На избирачките места и на 50 метри од нив е забрането истакнување на симболи на политичките партии и друг пропаганден материјал. Гласачките ливчиња за парламентарните избори се со светло сина боја Припадниците на полицијата кои се на должност може да влезат на избирачкото место само ако се нарушени редот и мирот, на повик на претседателот на избирачкиот одбор.

Предвремените парламентарни избори во Србија се одржуваат на иницијатива на првиот вицепремиер и лидер на владејачката десничарска Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, кој се очекува да биде победник на гласањето. Иницирајќи ги предвремените избори во текот на јануари, Вучиќ нагласи дека на неговата партија „и е потребен посилен мандат за да може да ги спроведе реформите и да ја поттикне Србија кон членство во Европската унија“.

Според последните анкети на јавното мислење, коалицијата околу СНС ужива поддршка на меѓу 43,5 и 44,9 проценти од гласовите. На второто место е помалиот партнер на СНС во владината коалиција, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на актуелниот премиер Ивица Дачиќ, која може да се надева на меѓу 13,9 и 15,1 проценти од гласовите, а по неа следат Демократската партија на Драган Ѓилас, блокот на Новата демократска партија на Борис Тадиќ и Демократската партија на Србија.

Слабата економија на земјата беше една од водечките тема на кампањата. Една петтина од работната сила на Србија е невработена, а просечната месечна плата изнесува 350 евра. Денешниве изборите се десети парламентарните избори од 1990- та и шести од демократските промени во 2000 та година. Граѓаните на Србија новиот Парламент од 1990 во просек го избираа на секои 2,4 години.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG