Достапни линкови

Што разговараа Обама и Путин за Украина


Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Путин.
Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Путин.

Белата куќа и Кремљ објавија што разговарале претседателите Барак Обама и Владимир Путин за кризата во Украина. Преставен е американскиот план за решавање на кризата, но очигледно разликите, по овој втор телефонски разговор деновиве меѓу Обама и Путин, остануваат.

Според Белата куќа, Претседателот Барак Обама му објаснил на рускиот претседател Владимир Путин дека акциите на Русија во Крим го прекршиле суверенитетот на Украина и довеле до тоа Вашингтон да воведе санкции против руските официјални претставници.
Москва не може да ги игнорира барањата за помош и дека настапувала согласно меѓународните закони.
Владимир Питин, претседател на Русија.

Обама ги претставил условите од предлогот на официјални американски лица, според кој, Русија треба да ги повлече своите трупи во базите во Кремљ, да дозволи меѓународни набљудувачи како гаранција за правата на етничките групи и да се согласи на директни разговори со украинските претставници.

Според новинските агенции, Путин му рекол на Обама дека новите власти во Киев наметнале „апсолутно нелегитимни одлуки во Крим". Путин додал и дека Москва не можела да ги игнорира барањата за помош и дека настапувала согласно меѓународните закони.

Според Кремљ, разговорот го открил разликите во пристапот и причините кои доведоа до кризата. Но, сепак според Путин, односите меѓу Русија и САД не треба да страдаат поради Украина.

Ова е втор телефонски разговор меѓу Обама и Путин во изминатите шест дена. Обама изјави дека најавениот референдум на Крим за соединување со Русија, што на 16 март го распиша кримскиот регионален паралемент е кршење на меѓународниот закон.

„Предложениот референдум за иднината на Крим е кршење на Украинскиот Устав и на меѓунароидниот закон. Каква било одлука мора да се донесе во договор со легитимната влада на Украина.“

Руските сили во меѓувреме ја имаат контролата врз поголемиот дел од кримскиот полуостров каде Русите се мнозинско население. Обама од друга страна ја поздрави соработката со Европската унија која, како и САД, спроведе сопствени санкции кон Русија.
XS
SM
MD
LG