Достапни линкови

Партиите во потрага по кандидати за кандидати


Претседателски избори, 2009.
Претседателски избори, 2009.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во потрага по кандидат за претседател на државата. ДУИ останува на ставот за избор на консензуален кандидат. ДПА не размислува да излезе со свој кандидат, а независните кандидати собираат потписи.

Од денеска па се до 26 февруари, сите заинтересирани што сакаат да бидат претседателски кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да поднесат апликација до партиското седиште. Огласот на партиската веб-страница ги наведува сите услови што треба да ги исполнува потенцијалниот кандидат.
Кого ВМРО-ДПМНЕ ќе кандидира на претседателските избори, ќе одлучат 1300-те делегати на конвенцијата на 1 март.

Дел од нив се да се биде член на ВМРО-ДПМНЕ или поддржувач на политиките на партијата и да се пронаоѓа себеси во ставовите на оваа партија за државните и националните прашања. Кого ВМРО-ДПМНЕ ќе кандидира на претседателските избори, ќе одлучат 1300-те делегати на конвенцијата на 1 март.
Кандидатите ќе може да ги образложат програмата и кандидатурата во 25 минути.

Претседателскиот кандидат на опозицискиот Социјалдемократскиот Сојуз ќе биде избран на партиски конгрес, а во тек се подготовките предвидени со утврдениот правилник за постапката, начинот и критериумите за утврдување на претседателски кандидат.
Во тек се предлагањата по општинските организации на можните кандидати, исто така има можност за само кандидирање, после тоа поминува во постапката.
Оливер Спасовски, СДСМ.

„Во тек се предлагањата по општинските организации на можните кандидати, исто така има можност за само кандидирање, после тоа поминува во постапката, пред извршниот одбор, централниот одбор на крајот на конгресот, го утврдува кандидатот за претседател,“ изјави Оливер Спасовски, шеф на изборниот штаб на СДСМ за претстојните претседателски избори.

Од Демократската Унија за интеграција остануваат на ставот за избор на консензуален кандидат и како што додаваат не се повлекуваат до негово реализирање. Од партијата соопштуваат дека конкретни разговори со ВМРО-ДПМНЕ немало и дека се уште чекаат одговор на нивното барање за тоа
Не зборуваме за бојкот, зборуваме за неучество, се уште нема одлука за такво нешто.
Бујар Османи, ДУИ.
дали нивниот коалиционен партнер ја прифаќа идејата за консензуален кандидат.

„После тоа преговорите кога би бил одговорот позитивен тогаш би седнале да се регулираат деталите,“ изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи и додава дека ако сепак не успеат да се договорат со ВМРО-ДПМНЕ, не е исклучена можноста од како што велат активно неучество на претстојните избори.

„Не зборуваме за бојкот, зборуваме за неучество, се уште нема одлука за такво нешто, но во такви услови, ние би биле учесници во кампањата, меѓутоа не би промовирале кандидати, туку би го промовирале концептот“, вели Османи.

ДПА не размислува да излезе со свој кандидат ако при тоа не се одржат и парламентарни избори. Доколку пак, заедно се одржат два изборни процеса, тогаш ДПА ќе учествува со свој претседателски кандидат, изјави неодамна лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во интервју за телевизијата Њуз 24 во Тирана.

Во меѓувреме почна процесот за собирање потписи на независните кандидати и кандидатите на помалите политички партии. Од ГРОМ веќе соопштија дека нивниот претседателски кандидат Зоран Поповски веќе ги собрал потребните 10 000 потписи за учество во претседателската трка. Независните кандидати Стојанче Анѓелов од партијата Достоинство и универзитетската професорка Билјана Ванковска укажаа дека се соочуваат со проблеми при постапката на собирање потписи.

Од Државната изборна комисија потрвдија дека дел од канцелариите не биле отворени навреме, но дека се прават напори за собирањето на потписи да продолжи без проблеми. Рокот за доставување на листите со претседателски кандидати до Државнта изборна комисија изминува на 13 март.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG