Достапни линкови

Градбите на Плаошник за партиски поткусурувања


Изградбата на бетонските чудовишта на Плаошник претставува големо зло велат од СДСМ, Охрид. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е обид на СДСМ да собере поени пред избори.

Без одлагање да се стопира изградбата на објектите на Плаошник и да се изврши детална ревизија на проектот, бараат од СДСМ,Охрид. На Плаошник се случува страшна и безмилосна армирано-бетонска узурпација и девастација, вели Томислав Тунтев претседател на охридските Социјалдемократи, според кого, тоа било доказ за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја практицирало власта во однос на културното и историското наследство. Тој бара надлежните институции конечно да го објават извештајот од последната посета на УНЕСКО на Охрид пред повеќе од еден месец.
Тоа наведува на заклучокот дека работите воопшто не се такви какви што власта ни ги претставуваше, и дека изградбата на бетонските чудовишта на Плаошник всушност претставува големо зло.
Томислав Тунтев, СДСМ - Охрид.

„Во изминатиот период од надлежните институции бевме убедувани дека сите предвидени објекти внимателно биле проектирани и дека естетски немало да ја загрозат Светиклиментовата црква Св. Пантелејмон. Се уште надлежните институции од власта на ДПМНЕ не се огласија со било какво соопштение или информација за јавноста во врска со неодамнешната посета на експертите од УНЕСКО. Тоа наведува на заклучокот дека работите воопшто не се такви
какви што власта ни ги претставуваше, и дека изградбата на бетонските чудовишта на Плаошник всушност претставува големо зло, со несогледиви последици за Охрид и за нашето културно и историско наследство“, рече Тунтев.

Се уште немаме добиено никаков извештај и не верувам дека ќе биде негативен бидејки тоа не го заклучив од разговорите кои ги одржувавме со екипата на УНЕСКО.
Тања Паскали Бунташеска, директорка на Охридскиот музеј.
Тања Паскали Бунташеска директорка на Охридскиот музеј, вели дека Тунтев изнел голем број на невистини во корист на сопствената предизборна кампања со цел да предизвика сомнеж кај граѓаните.Таа кажа дека на Плаошник ќе се градат вкупно 16 објекти и дека комплексот не се уништува туку се гради според законските прописи.Паскали вели дека до нив се уште не е пристигнат никаков документ од последата посета на претставниците на УНЕСКО на Охрид.
Тања Паскали Бунташеска директорка на Охридскиот музеј.
Тања Паскали Бунташеска директорка на Охридскиот музеј.

„Покрај Плаошник тие го разгледаа и старото градско јадро на Охрид и беа задоволни од тоа на кој начин ја вршиме конзервацијата на објектите на кои работиме. За жал беа разочарани од големиот број колективни станбени згради кои се изградија во Охрид последните неколку години. Секојдневно кажувате дека го криеме документот кој сме го добиле од одржаната мисија. Тунтев престанете да ја манипулирате со јавноста со лажен документ за кој тврдите дека го криеме, а кој се уште не сме го добиле и не ја знаеме неговата содржина. Се уште немаме добиено никаков извештај и не верувам дека ќе биде негативен бидејки тоа не го заклучив од разговорите кои ги одржувавме со екипата на УНЕСКО. Максималната висина на објектите не ја надминува висината на црквата“, вели Паскали.

Паскали вели дека пред да дојдат во Охрид, УНЕСКО бил запознаен со работите на Плаошнил, бидејки до нив бил доставен извештај од 90 страни.

„Беа ли воодушевени од градбите? Ги погледнааа ги гледа проектите. Таа работа се уште не е завршена со градбите, можеби сега ви делуваат грамадно бидејки сега се голи столбови со плочи.Тоа ќе се изгради исто како и црквата“, рече Паскали.

Никола Митровиќ портпарол на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е обид на СДСМ да собере поени во пресрет на престојните избори.

„Би им препорачале прво да поминат низ градот Охрид и да погледнат што направиле тие во изминатите осум години во Охрид“, вели Митровиќ портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
XS
SM
MD
LG