Достапни линкови

Официјален старт на Зимската олимпијада во Сочи


Илустрација
Илустрација

Организаторите на свечената церемонија со над 3 илјади учесници и со балетски точки, вештачки врнежи од снег и авангардна уметност најавија присуство на рекорден број светски лидери, односно 65 претседатели, премиери и шефови на меѓународни организации. Олимпијадата низ бројки и рекорди.

Спортските настани на 22 Зимски олимписки игри почнаа вчера со квалификациски борби на кои најголем успех постигнаа руските натпреварувачи. Со оглед на денешната церемонија на отворање, спортските настани продолжуваат утре.

Соединетите Држави, Норвешка и Германија се очекува да соберат најголем број од 1300 медали што треба да бидат доделени во наредните две недели.


Но, рускиот претседател Владимир Путин при посетата на руските спортисти во Сочи им порача: „Сите сметаме на вас“.

Соединетите Држави, Норвешка и Германија се очекува да соберат најголем број од 1300 медали што треба да бидат доделени во наредните две недели.


На минатите Зимски олимписки игри во Ванкувер, Русија освои само три златни медали.

Освен слава, руските спортисти кои ќе освојат олимписко злато, државата ќе ги награди и со 113 илјади долари, за сребрен медал ќе добијат над 70 илјади долари, а за бронзен 42 илјади долари.

Олимпијадата не нуди само спортска слава, туку и добра парична награда. Најмногу за освоени медали дава Азербејџан. Можеби затоа што нејзините спортисти, во Сочи се само четворица, и немаат некои шанси да победат. Сепак ако тоа им успее за злато ќе добијат 510 илјади долари, за сребро 255 илјади, а за бронза 130 илјади долари.

Колку за споредба, Соединетите Држави за златен олимписки медал даваат 25 илјади, а Канада 9 илјади долари.

Зимските Олимписки игри во Сочи, освен што го пробија рекордот на трошоците на Олимпијадите, над 50 милијарди долари, исто така бележат и рекорд во бројот на земји кои учествуваат 88, како и бројот на вклучени нови спортски настани во програмата. Станува збор за 12 нови. Првата Зимска олимпијада во 1924 година имаше само 16, годинашнава 98.

Некои, како например скијачките скокови за жени, се варијација на старите, но повеќето нема да им бидат познати на повозрасните гледачи.

Всушност тоа и им беше намерата на организаторите, да привлечат што поголем број тинејџери.

Според анкетите, Олимпијадата во Ванкувер ја следе мал број млади луѓе. За главните спонзори како Кока Кола и Мекдоналдс, но и за телевизиските станици и спонзорите тоа беше лоша вест, со оглед на фактот дека голема ставка од семејниот буџет оди на трошоци за младите.

Дополнувањето на спортските настани на Олимпијадата во Сочи која е под мотото: „Жешко, Студено. Ваше“, е направено со цел да се привлечат што поголем број корисници на Јутјуб и Твитер.

За финансискиот ефект на Олимпијадите можеби најдобро говори примерот дека за Игрите во Лондон во 1948 година Би Би Си му понуди на МОК 47 илјади долари за да ги добие првата за емитување на спортските настани. Правата за емитување од Олимпијадата во Лондон пред две години достигнаа над две ипол милијарди долари.

XS
SM
MD
LG