Достапни линкови

Просам и плачам за да преживеам


Самохрана мајка со двегодишно дете, питачи во центарот на Скопје.
Самохрана мајка со двегодишно дете, питачи во центарот на Скопје.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, има околу илјада деца на улица кои што питачат, додека според неофицијалните податоци на невладините организации станува збор за повеќе од 2 илјади деца.

Осумгодишниот Елвис е срамежливо момче кое едвај зборува, но секое утро со испружена рака бара од минувачите да му остават по некој денар. Наместо во училиште, Елвис деновите ги минува на отворено во надеж дека некој ќе му помогне. Тој не сакаше да ни каже кој го тера да проси, само тивко ни одговори дека не сака да го прави тоа.
Секој ден ги гледам децата како просат. Има еден човек ги зема парите од нив, по 2000 по 3000 денари зема од нив. Јас го знам тој човек. Ги тепа, ќе им ги земе парите и ниту по 10 денари не им остава.
Рамиз, продавач на костени.

„Ме земаат, јас не сакам, ќе ме земат со сила и ме носат тука.“

Покрај него, малолетниот Рамиз кој продава костени, ни пријде и ни каже дека средновечен човек секое утро со сила носи неколку деца да просат и потоа им ги зема сите пари.

„Секој ден ги гледам децата како просат. Има еден човек ги зема парите од нив, по 2000 по 3000 денари зема од нив. Јас го знам тој човек. Ги тепа, ќе им ги земе парите и ниту по 10 денари не им​
остава“, раскажува Рамиз.

Кон излезот на старата скопска чаршија сретнавме млада самохрана мајка со двегодишно дете, која исто така проси. Таа вели дека знае оти со тоа што го прави може да добие и затворска казна, но како што вели, нема друг избор, затоа што не може да најде работа, а од државата добива само 2 илјади денари помош со кои може да купи само 10 леба
Со детето просам, од глад дојдов да просам. И плачам и просам.
Анкетирана жена која проси.
месечно.

„Со детето просам, од глад дојдов да просам. И плачам и просам. Знам за законот, слушнав на телевизија, само што греота е за луѓето тој закон.“
Таа смета дека ако се зголеми социјалната помош ќе се намали и бројката на питачи на улиците.

„А да земам 100 евра и повеќе, како што е горе во Германија, во Франција, ќе седам дома.“

Според податоците на Mинистерството за труд и социјална политика, има околу илјада деца на улица кои што питачат, додека според неофицијалните податоци на невладините организации станува збор за повеќе од 2 илјади деца.
Сиромаштијата е еден од главните предуслови за злоупотреба на децата.
Драги Змијанац, Прва детска амбасада Меѓаши.
Неодамна во Собранието беа изгласани промени на кривичниот законик со кои се предвидува од една до 10 годишна казна затвор за родителите или старателите кои што ги злоупотребуваат своите деца и ги прекршуваат нивните права. Според министерот за труд Диме Спасов во законот се прецизира злоупотребата, ги предупредува родителите и ги штити децата.

„Родител кој со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти детето или ќе го малтретира или ќе го тера на работа што не одговара на неговата возраст или од користољубие го наведува на питачење, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“, изјави Спасов.

Но со праксата се покажува дека строгите казни за принудување на деца за питачење не го решава во целост проблемот со злоупотребата на детскиот труд.
Драги Змијанац од Првата детска амбасада Меѓаши вели дека казните се прифатливи и треба да се санкционираат сторителите, но тоа не е доволно за да се заштити детскиот труд од злоупотреба. Тој објаснува дека превентивното делување може да донесе добри резултати доколку системски се преземат мерки.

„Сиромаштијата е еден од главните предуслови за злоупотреба на децата. Кога овие деца ќе имаат покрив над главата, кога нивните родители ќе располагаат со минимални средстава што самите ги заработиле и кога нивните деца ќе бидат на училиште наместо на улица проблемот со злоупотребата на детскиот труд можеби нема да се искорени но секако ќе се намали.“

Отворање на Дневни центри за деца кои се од социјално загрозени семејства, бенифиции за ранливите групи деца и семејства кои се во ризик со навремено вклучување во градинки, образование и воспитување, вработување на еден од семејството и каков таков кров над главата, се мерки коишто ветуваат многу за решавање на овој проблем, вели Змијанец.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG