Достапни линкови

Владимир Јовановски – ловец на минливите моменти од секојдневието


Над четириесеттина уметнички фотографии ќе бидат претставени на изложбата на Владимир Јовановски, што од 24 јануари до 6 февруари годинава ќе се одржи во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Ова е прва самостојна поставка на авторот кој своите дела досега ги изложувал на повеќе од 200 меѓународни конкурси во над 20 земји во светот.

Ова е моја прва самостојна изложба по 21 година активно бавење со уметничка фотографија – некако срамежливо ќе забележи Владимир Јовановски, во пресрет на својата постановка, што од 24 јануари до 6 февруари годинава, ќе се одржи во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Станува збор, како што вели авторот, за проект кој на љубителите на оваа уметност им нуди над четириесеттина фотографии кои тематски не се поврзани и кои се настанати во последниве пет години.
Делата кои што се на оваа поставка се настанати во изминатите пет години, а самата изложба и фотографиите се обработувани во една техника во последниве три месеци во консултација со неколку големи мајстори на фотографијата.
Владимир Јовановски, фотограф.

„Делата кои што се на оваа поставка се настанати во изминатите пет години, а самата изложба и фотографиите се обработувани во една техника во последниве три месеци во консултација со неколку големи мајстори на фотографијата како што се Драгослав Мирковиќ од Србија, Слободан Крстиќ од Босна, Ферхан Турк од Турција и нормално македонскиот Душко Јовановски – односно мојот татко.“

Роден 1983 година во Куманово, Владимир Јовановски во светот на уметничката фотографија влегол на својата десетгодишна возраст кога започнал со учества на регионалните и републичките
Владимир Јовановски, фотограф.
Владимир Јовановски, фотограф.
Олимпијади на млади техничари. Своите дела започнал да ги изложува на националниот натпревар Денови на македонска фотографија и досега има учествувано на повеќе од 200 меѓународни изложби во над 20 земји од светот. За нив е добитник на голем број награди од кои бележити се онаа на FIAP и златниот медал во Луксембург и сличните големи признанија во Србија, Босна и Херцеговина и во Аргентина. Тој е
Фотографијата според својата дефиниција е еден минлив момент. Го ловам се она што мене ми е занимливо и што мислам дека е вредно за да се овековечи на хартија, нормално притоа давајќи свое гледиште за моментот кој се случува реално пред мене.
Владимир Јовановски.
активист во фото-кино клубот „Козјак“ од почетокот на неговиот фотографски живот, а во 2009 беше избран и за негов претседател.
Говорејќи за себе како автор Јовановски знае да каже дека лови се* околу себе, дека ги брка моментите во секојдневниот живот.

„Фотографијата според својата дефиниција е еден минлив момент. Го ловам се она што мене ми е занимливо и што мислам дека е вредно за да се овековечи на хартија, нормално притоа давајќи свое гледиште за моментот кој се случува реално пред мене.“

За кумановскиот автор се вели дека е еден од оние кои го водат новиот бран на современа уметничка фотографија кај нас и дека со својата активност го помогнал заживувањето на повеќе фото клубови во Република Македонија. Тој е основач на Македонската архива за уметничка фотографија, издавач на првиот весник за македонска фотографија и во земјава ќе донесе голем број на светски познати мајстори на фотографија со нивните колекции од кои најпознат е Луис Алберто Франке од Аргентина.

На интернационално ниво Владимир Јовановски беше претседател на Меѓународната асоцијација на уметничка фотографија (IAAP), од 2012 година и претставник на Македонија за ISF (Image Sans Frontier), а подоцна и во УПИ (United Photographers International). Згора на тоа прогласен е за почесен член на IAAP (International Association of Art Photographers), ISF (Image Sans Frontier), ICS (Image Colleague Society) и фото клуб Крагуевац, а најмногу е горд на својот удел во проектот "Другите сто" во Тајван и на работата на втората најстара меѓународна изложба на уметничка фотографија во светот – 120- от салон во Торонто, Канада.
Од таму нималку не чуди кога тој знае да забележи дека во Македонија во моментов имаме фотографи и фотографски стилови кои што се многу различни и кои што се на исто рамниште со светски познатите мајстори на фотографија.

„Иако сме мала земја која брои мал број на фотографи во споредба со другите земји од светот, нашите автори прават огромни успеси на меѓународно поле, а Македонија малку по малку прераснува во некој фотографски центар на Балканот. И не само по творечките туку и по излагачките активности.“

Кон ова само уште информацијата дека дел од претстојната постановка на Јовановски ( некаде 15-тина фотографии) ќе биде претставен на изложбата во Мерсин, Турција која ќе се одржи на 13 февруари ( овде тој ќе изложува заедно со Манолис Метзакис – претседател на Светската фотографска асоцијација УПИ и со Жорж Матинез – попреседател на најголемата и највлијателна фотографска асоцијација ФИАП), а потем е планирано да ја видат и љубителите на уметничката фотографија во повеќе градови во Македонија, Босна и Херцеговина (Бјелина и Добој) и во Србија (Крагуевац и Смедерево).
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG