Достапни линкови

Се создава атмосфера за предвремени избори?


Илустрација.
Илустрација.

Решавањето на статусот на професионалните војници и стечајците, како и црните кампањи што партиите почнаа да ги водат едни против други, упатуваат на тоа дека се подготвува терен за предвремени избори.

Решавањето на статусот на професионалните војници и стечајците, како и црните кампањи што партиите почнаа да ги водат едни против други за злоупотреби на функциите и нелегалното богатење, но и одолговлекувањето со соопштување на датум за претседателските избори, упатуваат на тоа дека се подготвува терен за предвремени избори, но политичките партии се воздржуваат од коментар дали со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори.
За нас е битно, доколку има избори од каков било карактер, истите да бидат спроведени во нормална, фер и демократска атмосфера.
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Од СДСМ велат дека владејачката партија постојано води црна кампања, а дали ќе бидат одржани избори, тоа зависи од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во секој случај, дали ќе има или ќе нема предвремени избори не е прашање за СДСМ, туку за владејачката структура. На неколку пати досега се покажа и се докажа дека во моментот кога ќе посакаат да има предвремени избори, истите тоа и го реализираат. За нас е битно, доколку има избори од каков било карактер, истите да бидат спроведени во нормална, фер и демократска атмосфера, како на денот на гласањето, така и во деновите што ќе претходат, односно на самата изборна кампања“, изјави партискиот портпарол Петре Шилегов.
Доколку се отвори тоа прашање, ќе се анализира и согласно тоа ќе се донесе одлука. Досега таква одлука нема донесено.
Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Партиите го чекаат потегот од владејачката партија, но и на ВМРО-ДПМНЕ потребна им е поддршка и од ДУИ. Овие денови имаше многу шпекулации дали ДУИ е за или против одржување предвремени избори. Досега не сме разговарале за тоа во партијата. Доколку се иницира такво прашање во претседателството, тогаш претседателството ќе одлучи согласно потребите на државата, на електоратот и на партијата, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

„Деновиве имаме седница на претседателството. Доколку се отвори тоа прашање, ќе правиме анализи дали е тоа во интерес на државата и на граѓаните и врз основа на тоа ќе се направи проценка. Така што, доколку се отвори тоа прашање, ќе се анализира и согласно тоа ќе се донесе одлука. Досега таква одлука нема донесено“, вели Османи.

ДУИ претходно во неколку наврати се изјасни дека во овој момент на државата не и се потребни предвремени парламентарни избори.

Неодамна премиерот Никола Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не размислуваат за предвремени парламентарни избори, но ако таква ситуација се наметне на терен, тогаш се подготвени и убедени се дека ќе победат.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG