Достапни линкови

Ваши коментари - Новинарски тендери и консензуален претседател


Најновата тендерска афера чии главни учесници се Министерството за здравство и фирмата Визарис блиска до новинарката Ивона Талеска, предизвикува најголемо внимание кај читателите.

Се чини дека сте се одмориле за празниците, а изгледа и минатонеделната забелешка дека слабо се јавувате, почитувани, влијаела на вашата ревносност. Најновата тендерска афера чии главни учесници се Министерството за здравство и фирмата Визарис блиска до новинарката Ивона Талеска, очигледно ве вознемирува, па бројот на коментарите на нашата веб-страница ги урива рекордите. Иако времето не дозволува да ги препрочитаме баш сите, а и оние по другите наши текстови.
Ова го гледа помал дел од народот, барем оние кои гледаат 24Вести и Телма ТВ и кои имаат пристап преку интернет како до вашиот сајт, но поголемиот дел од народот не знае што му се случува и тоа е загрижувачки!
Коментар од читател.

Перо смета дека клопчето почнува да се отплеткува, паниката е очигледна, вели. И додава дека Ивона е веќе завршена приказна. Миленко порачува дека му се лоши кога ќе помисли дека веројатно ова не е единствен или изолиран случај туку шема според која функционира системот. Незабеган потсетува и на други новинари кои имаат финансиски врски со Владата. Анонимен коментира дека се наградуваат провладините новинари со тендер или со дебели плати од парите од владините кампањи, а се казнуваат медиумите како Фокус, со десетици илјади евра. „Ова го гледа помал дел од народот, барем оние кои гледаат 24Вести и Телма ТВ и кои имаат пристап преку интернет како до вашиот сајт, но поголемиот дел од народот не знае што му се случува и тоа е загрижувачки!“ - пишува Анонимен. Александар наместо коментар, пренесува трагикомичен македонски виц, како што вели: Се јавува некој во Министерството за здравство и прашува дали имаат џипови, пардон, отворени тендери. Сакам да ја сменам колата, па да си земам еден добар џип, појаснува јавувачот.
Консензуален претседател тешко, на владејачката партија и е потребен послушник, како досегашниот.
Коментар од читател.

Идејата на ДУИ за консензуално договорен претседателски кандидат, искажана преку неделното интервју на министерот за одбрана Талат Џафери за Радио Слободна Европа на македонски, според вашите коментари, почитувани, негативно се прифаќа од македонска страна и практично ја покажува сета недоверба што тлее помеѓу Македонците и Албанците. Пиле потсетува на 2001 и смета дека и да постигнат ДУИ и ДПМНЕ таков договор, албански кандидат не би се нафатил зашто би требало да се остварува, како што пишува, интелектуално неодржлива кохабитација. Перо се јавува и по ова интервју и покрај другото напишал: „Консензуален претседател тешко, на владејачката партија и е потребен послушник, како досегашниот“. Потпишан со Јас, напишал: “Може, кога ќе чуеме да ја пеете химната“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG