Достапни линкови

Вашингтон загрижен од забраната на собири во Киев


Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат расправаше за политичката криза во Украина откако украинскиот суд ги забрани протестните собири во центарот на Киев. Токму таму од крајот на ноември лани се одржуваат антивладини протести.

Судот во Киев го прифати барањето на градските власти за забрана на протестите до 8 март. Пресудата е датирана од 8 овој месец, но беше објавена вчера и во неа се прецизира дека се забрануваат собири на кои „се користат мегафони, транспаренти и се поставуваат шатори“.

Оваа одлука ја зголеми загриженоста меѓу демонстрантите дека полицијата веднаш ќе почне да го расчистува нивниот протестен камп во центарот на Киев. Но, во текот на изминатата ноќ не следуваше таква итна акција.
помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд
помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд

Протестите почнаа откако претседателот Виктор Јанукович реши да не го потпише договорот за поблиски односи на Украина со Европската унија и да ги зацврсти врските со Русија.

За развојот на настаните во Украина во средата се дискутираше во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.
Како и огромното мнозинство украинци, Соединетите држави и нашите партнери во Европската унија сакаат сегашниот ќорсокак да се реши на политички, демократски и пред се мирен начин.

На оваа седница, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон сака украинската политичка криза да се реши без натамошно насилство било од страна на полицијата, било од страна демонстрантите.

„Како и огромното мнозинство украинци, Соединетите држави и нашите партнери во Европската унија сакаат сегашниот ќорсокак да се реши на политички, демократски и пред се мирен начин.“

Изјави Нуланд која на забелешката на претседателот на Комитетот, демократскиот сенатор Роберт Менендез дека администрацијата на претседателот Барак Обама недоволно отворено и силно ја критикува Русија за користењето на економските уцени изјави:

„Постојано ставаме јасно до знаење, и јавно и приватно, дека руските акции за принуда, не само против Украина, туку и против Молдавија и Грузија, претставуваат прекршување на многу меѓународни обврски што ги имаат преземено.“

Републиканскиот сенатор Џон Мекејн кој во минатиот месец ги посети демонстрантите во Киев повтори дека Русија е виновна за кризата во Украина.

„Тоа е земја која сака да биде европска, а не руска. Се се врти околу тоа. За тоа станува збор. Тоа е она што Европската унија значи за нив. Русите ја користат енергијата. Тие ја поддржуваат корупцијата, која е неконтролирана во Украина.“

На седницата на Комитетот заменик помошникот на американскиот државен Оддел за демокартија, човекови права и труд Томас Мелиа оцени дека жарот што ги разгоре протестите во минатиот ноември се уште тлее и оти нема лесно да биде изгаснат.

Тој додаде дека Вашингтон ќе продолжи да им дава поддршка на оние украинци кои веруваат во демократската и европската иднина на нивната земја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG