Достапни линкови

Вигенин - Добрососедството е една од клучните теми


Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин
Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин

Ние го поддржуваме европскиот пат на Македонија, но прашањата за добрососедството и соработката се едни од клучните теми според кои се оценува подготвеноста на една земја да почне преговори со ЕУ, вели бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Бугарија ги поддржува евроинтеграциите на Македонија и ќе и сe даде поддршка секогаш кога таа ќе и треба, рече министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин во своето предавање на тема Европската унија и Западниот Балкан: предизвици во 2014 година во македонското МНР.
Прашањата за добрососедството и соработката се едни од клучните теми според кои се оценува подготвеноста на една земја да почне преговори и да се приклучи кон Унијата.
Кристијан Вигенин, министер за надворешни работи на Бугарија.

Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин.
Бугарскиот министер за надворешни работи Кристиан Вигенин.
„Ние го поддржуваме европскиот пат на Република Македонија, во рамките на постојаните контакти ја и поддржуваме и работата на институциите на Република Македонија во подготовките за членство во Европската унија. Прашањата кои се на дневен ред со соседните земји, поконкретно оние со Грција и Бугарија се разбира дека треба да се решат. Прашањата за добрососедството и соработката се едни од клучните теми според кои се оценува подготвеноста на една земја да почне преговори и да се приклучи кон Унијата“, рече Вигенин.
Значаен напредок е тоа што имаме отворена комуникација и дискутираме и за оние теми за кои постои определено различно размислување.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

Бугарскиот шеф на дипломатијата уверува дека интерес и на Бугарија е што поскоро да се исполнат тие услови, и целиот регион на Западен Балкан да стане дел од Европската унија, оти, како што вели, само тогаш може да станеме привлечно место за инвестиции, а граѓаните да имаат економски просперитет и благосостојба.

Во однос на договорот за добрососедство со нашата земја, Вигенин изјави дека преговорите продолжуваат и оти, како што рече, е постигнат извесен напредок.

„Нашите преговори и разговори во однос на договорот за добрососедство, пријателство и соработка продолжуваат. Сметам дека во последните месеци постигнавме извесен напредок и мислам дека нашата политика паралелно со преговорите да се обидеме да ја развиеме соработката и во други сфери е правилна и оти создавањето на една таква поволна атмосфера за којашто сметам дека и медиумите од двете земји треба да се обидат да го покажат доброто во меѓусебните односи ќе придонесе за поголемо разбирање меѓу народите во двете земји и ќе ни даде шанса етапно во еден процес да ги решаваме и потешките прашања во нашите односи, кои не се многу но се важни и не е добро да се одбегнуваат, изјави Вигенин.

Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски, пак, изјави дека напредокот е тоа што отворено се води дијалог. Не прецизираше на каков напредок мисли неговиот бугарски колега и кои се спорните точки во договорот.

„Значаен напредок е тоа што имаме отворена комуникација и дискутираме и за оние теми за кои постои определено различно размислување, но мислам дека е многу значајно тоа што сме отворени и се обидуваме да имаме решенија со кои ќе бидат задоволни и двете страни“, вели шефот на македонската дипломатија.

Попоски изрази задоволство што двајцата колеги разговарале за конкретни проекти кои како што посочи се од интерес на двете земји. Дел од нив се однесуваат на коридорот осум и можноста за заеднички настап пред европските институции за привлекување на фондови за побрза реализација на целокупното железничко и патно поврзување по коридорот 8, организирање на бизнис форум меѓу бугарски и македонски бизнисмени, реализирање на мешовитиот комитет за економска соработка, можноста за потпишување на меморандум за размена на простор на амбасади за просторното решение од двете страни, агенда за интензивирање на парламентарната соработка и друго.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG