Достапни линкови

Западот ја губи вербата во сопствената иднина


Што го дефинира Западот? Американските и европските политичари сакаат да зборуваат за вредности и институции. Но, за милијарди луѓе, клучната поента се сфаќа полесно. Западот е дел од светот каде што и обичните луѓе живеат удобно, се наведува во коментарот на Фајненшал тајмс за сонот што поттикнува милиони имигранти да ги ризикуваат животите, во обид да влезат во Соединетите Држави или Европа.

И покрај тоа што е своевидна мамка, самиот Западен свет ја губи вербата во сопствената иднина.

При крајот на минатата година Барак Обама одржа еден од најцрните говори за време на неговото претседателствување.

Тој направи хроника на растечката нееднаквост и на падот на социјалната мобилност што, според него, „претставува фундаментална закана за американскиот сон, нашиот начин на живот и за она што се залагаме во светот“.

Центарот за истражување Пју лани изврши анкета во 39 земји со единствено прашање: Дали во вашата земја, на вашите деца ќе им биде подобро отколку на вашите татковци?

Само 33 отсто од Американците веруваат дека нивните деца ќе живеат подобро, додека 62 насто изјавија дека тие ќе живеат полошо.
Чувството на несигурност во Европа почна да се зголемува, особено ако се има предвид дека социјалните погодности нема да бидат големи во иднина.

Европјаните се помрачни. Само 28 отсто од Германците, 17 отсто од Британците, 14 отсто од Италијанците и 9 отсто од Французите мислат дека нивните деца ќе живеат подобро од претходните генерации.

Ваквиот западен песимизам е во контраст со оптимизмот во земјите во развој: 82 отсто од Кинезите, 60 отсто од Индијците и 65 отсто од Нигеријците веруваат во подобра иднина.

Би било убаво да се верува дека падот на западниот животен стандард е само претпоставка. Според последните истражувања, платата на просечен Американец, пресметана со инфлацијата, падна за 19 отсто од онаа пред 40 години.

Чувството на несигурност во Европа почна да се зголемува, особено ако се има предвид дека социјалните погодности нема да бидат големи во иднина. Тоа особено се однесува на Грција и Португалија земјите кои најмногу беа погодени од должничката криза.

Меѓутоа, животниот стандард е под притисок и во европските земји на кои им оди добро.

Истражувањето на Фајненшал тајмс покажува дека британците родени во 1985 година се првата група која не очекува подобра иднина.

Дури во Германија, која често се посочува како најуспешна голема економија во западниот свет, бенефитите на чудото на Меркел се чувствуваат во големината на платите.

Економските реформи што стојат зад германскиот извозен бум вклучуваат ограничени плати, намалени социјални погодности и вработување главно на времена работа.

И бранителите на глобализацијата сега признаваат дека појавата на глобална работна сила помогнала за одржување на платите на ниско ниво.

Дури и ако западните земји ги затворат нивните пазари, западните работодавачи ќе откријат дека многу работници можат да бидат заменети со поевтини компјутери или роботи.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG