Достапни линкови

Кој ја кочи европската агенда?


Се уште е отворено прашањето дали може да се изнајде договор до започнувањето на претседателските избори.
Се уште е отворено прашањето дали може да се изнајде договор до започнувањето на претседателските избори.

Има многу работи што треба да се договорат за да има придвижување во европската агенда на земјава, велат од СДСМ. Власта ја обвинува опозицијата дека тие се кочничари.

До претстојните претседателски избори во март во опозициската СДСМ се надеваат дека ќе имаме добар изборен законик, но нагласуваат дека освен правилата за избори има и многу други работи што треба да се договорат за да има придвижување во европската агенда на земјава.
Има еден куп работи кои треба да ги сработи Владата за да може да има почисто досие.
Лидија Димова, СДСМ.

До оваа изјава доаѓа по средбата во Брисел на лидерот на СДСМ Зоран Заев со еврокомесарот за проширување Штефан Филе на која присуствуваше и заменик претседателот на партијата Радмила Шеќеринска, а на која тие нагласија дека очекуваат да се постигне договор со власта, во делот на разграничување на партијата од државата, што го има
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел.
како препорака во Извештајот на Европската комисија, како и сите други регулативи, коишто изборното законодавство мора да ги предвиди.

Барањата за измени на Изборниот законик се стари и датираат уште од изборите во 2008. Досега неколку пати се менуваа изборните правила, но се наметнуваа и нови барања, изјави Лидија Димова од СДСМ.

„Со текот на времето имавме и нови барања коишто се наметнаа, како на пример одвојување на државата од
Се уште е отворено прашањето дали може да се изнајде договор до започнувањето на претседателските избори.
Здравко Савески, универзитетски професор.
партијата. Засега добро одат преговорите, се надеваме дека ќе имаме добар закон“, вели Димова.

Според неа освен изборниот законик и други работи се дискутабилни за да има придвижување.

„Исполнувањето на обврските кои произлегоа од Комисијата за 24 декември, тие наоди. СДСМ тука има голема резерва околу паушалното апсење на господинот Шиповиќ, така што има еден куп работи кои треба да ги сработи Владата за да може да има почисто досие.“

Прекршувањето на Уставот и законот директно од власта е констатирано во заклучоците на Работната група за настаните од 24 декември од страна на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и досега минатогодишните настани ги оценуваше како „обид за државен удар“. Во оваа партија велат дека нема поголем напредок околу првомартовските договори бидејќи, како што оценуваат, опозицијата се договара според принципот сè или ништо. Во оваа партија наведуваат дека постигнале договор за законот за буџетот, но дека има проблеми во делот на ограничувањето на дискусиите на собраниските тела.

Експертите очекуваат дека до претседателските избори во март ќе има договор за изборниот законик доколку има политичка волја за тоа.

„Се уште е отворено прашањето дали може да се изнајде договор до започнувањето на претседателските избори. Секогаш ако има политичка волја тоа е можно, но не секогаш, како што гледаме, во последно време во Македонија има политичка волја.“

Според професор Здравко Савески клучниот проблем е дека има разлика во толкувањата на настаните што се случија во 2012-та, кога пратениците на опозицијата и новинарите беа физички исфрлени од парламентарната седница на која се носеше новиот буџет од припадниците на службите за обезбедување.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG