Достапни линкови

Кој ќе одговори зошто сексуалното образование е забранета тема?


Велимир Савески – член на Управниот одбор на ХЕРА.
Велимир Савески – член на Управниот одбор на ХЕРА.

Само еден месец претходно, министерот за образование и наука со леснотија ја закопа неколкугодишната соработка на Министерството, ХЕРА и стручната јавност на создавањето на предуслови за воведување на сеопфатно сексуално образование, пишува Велимир Савески, член на Управниот одбор на ХЕРА, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Кон крајот на годината, особено околу 1 декември - Меѓународниот ден за борба против ХИВ, се одржуваат трибини, дебати и јавни расправи на коишто се предлагаат конкретни мерки како да се подобри сексуалното и репродуктивното здравје на граѓаните во Македонија.
Само еден месец претходно, министерот за образование и наука со леснотија ја закопа неколкугодишната соработка на Министерството, ХЕРА и стручната јавност на создавањето на предуслови за воведување на сеопфатно сексуално образование.

И оваа година, без исклучок, хитот беше сексуалното образование. Сите се за воведување на сексуално образование. Тоа е дел од три национални стратегии донесени по 2010. Тоа се стратегиите за сексуално и репродуктивно здравје, стратегијата за ХИВ/СИДА и стратегијата за безбедно мајчинство. И да, тоа се национални стратегии. После толку листови на хартија на национални стратегии, јавни расправи и трибини, тоа во 2013-та останаа само пуста желба за во иднина.

Само еден месец претходно, министерот за образование и наука со леснотија ја закопа неколкугодишната соработка на Министерството, ХЕРА и стручната јавност на создавањето на предуслови за воведување на сеопфатно сексуално образование. Рече не, за единствената ваква инцијатива. Тој немаше потреба да објаснува, туку преку одговори на новинарски прашања, доволно беше да обвини и да делегитимира дека работата на ХЕРА била несоодветна за деца, граѓаните не сакале сексуално образование и на крај да повтори во македонските училишта има соодветно сексуално образование. Мислеше на образование за животни вештини, предмет за којшто Министерството ѝ одобри на ХЕРА да го унапреди и да изработи прирачник за сексуално и репродуктивно здравје за наставници.

Никогаш не го видовме негативното мислење, според коешто прирачникот изработен од видни стручни лица не е соодветен за деца. Да имаше официјална рецензија ќе мораше да се спомне дека ова е првиот прирачник во кој, покрај другото, се обработува темата за интернет вознемирување.

А да, во прирачникот, како што рече министерот, односите на мажот и жената се поистоветувале со истополовите односи. Потоа, ХЕРА на социјалните медиуми беше обвинета дека ќе воведува (што тоа и да значи) хомосексуалност во образованието. Да, точно е, прирачникот како надополнување се води од наставниот план на редовниот предмет образование за животни вештини, каде овие теми се одамна покриени. Идејата е јасна, повторно да се злоупотреби различната сексуална ориентација, за да се заборави главната поента, да се загубиме во празни дискусии и медиумски префрлања, без да се сработат преземените обврски. Да заборавиме на сексуалното образование.
2013 беше насилна година. Година со пораст на насилство меѓу младите, на семејно насилство, брутални пројави на хомофобично насилство. Евидентирана е енормно висока смртност на новороденчињата и најголем број на нови ХИВ случаи. Зад нас е уште една пропуштена учебна година во која младите не учеа за сексуалното и репродуктивното здравје и за родова еднаквост.

По ова, сите се разбегаа. Дури и видеото што го снимивме никој не сакаше да го емитува, а камо ли да преземе мерки за да побара одговорност од Министерството и од Бирото за развој на образованието за обврските преземени во националните стратегии и препораките на Собраниските комисии.

2013 беше насилна година. Година со пораст на насилство меѓу младите, на семејно насилство, брутални пројави на хомофобично насилство. Евидентирана е енормно висока смртност на новороденчињата и најголем број на нови ХИВ случаи. Зад нас е уште една пропуштена учебна година во која младите не учеа за сексуалното и репродуктивното здравје и за родова еднаквост. Година која ќе се памети по првата забрана за отворена трибина за род со наставници, родители и ученици во реномирано средно училиште во Скопје, барана од училиштето, а потоа, половина час пред почеток, без јасни причини, откажана.

И наместо ние да повторуваме зошто треба да се подобрат информациите за младите за сексуално и репродуктивно здравје во Македонија, конечно некој треба да објасни и да се оправда зошто ги сопира сите иницијативи и зошто го урива она во чие создавање учествувал (Рамката за сеопфатно сексуално образование заедно со 23 организации), зошто ја порекнува потребата од сексуално образование, зошто не ги остварува националните стратегии потпишани од Владата, зошто не ги следи неколкукратните заклучоци кои ги наложуваат Собраниските комисии за пилотирање на сексуално образование? Да објасни, гласно и јасно, зошто е против образование и пристап до информации, зошто сеопфатното сексуално образование е забранета тема?

Затоа им благодариме, на граѓаните кои ја потпишаа петицијата, на 48 невладини организации кои подготвија декларација за сексуално образование, на стручните лица и медиуми кои сакаат да ги дознаат одговорите на овие прашања. Ние нема да сопреме во нашите барања за воведување на образование кое се заснова на научни факти, кое се залага за родова еднаквост, не го прифаќа насилството и се бори за признавање на различноста.

Воедно ги повикуваме сите оние кои знаат дека ваквото образование е неопходно, кои го предлагаат во своите стратегии и заклучоци, кои знаат дека ја губиме трката со времето, а кои чекаат некое друго време да ја изразат својата конкретна поддршка и своите, пред сè, стручни убедувања. Чекањето на подобро, друго време, е само изгубено време, кое создава изгубени генерации.

Секое прашање заслужува одговор. И на крај, по кој знае кој пат, сексуално образование се базира на принципите на сеопфатност, докажани научни сознанија, слободен избор, недискриминација врз родова, етничка или основа на сексуална ориентација, на родовата еднаквост. Сексуално образование според развојните капацитети, учеството, потребите и заштитата на децата.
XS
SM
MD
LG