Достапни линкови

Доцна е за пресудата од Хаг


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов се обраќа пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.2012
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов се обраќа пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.2012

Најавите за ефектуирањето на пресудата од Хаг се повеќе за домашната јавност, отколку што се преземаат фактички чекори на меѓународен план тоа да се оствари, вели професор Денко Малески.

Предлогот на претседателот Ѓорге Иванов да се побара од Советот за безбедност ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, според експертите е отворена опција за сите политички гарнитури, но професорот Денко Малески е убеден дека ваквите „закани“ се упатуваат повеќе кон домашната јавност, отколку што се преземаат фактички чекори на меѓународен план за тоа да се оствари. Она што сега се случува на три месеци пред истекот на претседателскиот мандат е депласирано оти целата таа процедура во Обединетите Нации трае многу подолго, вели првиот амбасадор во ОН, Малески.
Се надевам дека Претседателот не мисли дека треба да се оди и да се загубат во лавиринтите на ОН во обид да издејствуваат толкување за пресудата.
Денко Малески, универзитетски професор.

„Ние сме независна држава која има амбасадори на големите држави во Македонија, со кои нашето државно водство може да биде во катадневна комуникација за ставовите кои доагаат од нивните главни градови и врз основа на тоа да ја градат својата политика. Се надевам дека Претседателот не мисли дека треба да се оди и да се загубат во лавиринтите на ОН во обид да издејствуваат
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.
Годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред пратениците на Собранието на Република Македонија.
толкување за пресудата“, вели Малески.

За разлика од Малески, за поранешниот дипломат Ристо Никовски оваа идеја е добредојдена. Македонија е оштетена со неспроведувањето на оваа пресуда, па според тоа логично е да се побара таа да се почитува. Тоа според Никовски ќе ја зацврсти меѓународната позиција
Треба да се почне постапка пред Хаг, за да се триплицира грижата на совеста, грижата која ја има Европската унија бидејќи не почитува судска пресуда.
Ристо Никовски, поранешен дипломат.
на Македонија.

„Самото отворање на постапката и процедурата веќе ќе ја загрее нашата позиција, ќе отвори една нова перспектива за Македонија, бидејќи ова се случува во Брисел, покажува дека тие не го есапат“, изјави Никовски.

Политичкото раководство треба да испроба се за што смета дека е добро за државните интереси и тоа се прави во дијалог со големите сили кои ја држат рамката на светската организација и од кои може да се насети расположението во ОН, вели Малески. Додава дека дури и да се створат потребните предуслови и да се направи добра проценка, не може со сигурност да се каже кои ќе биде директниот ефект за Македонија.

„Знаеме како српската идеја околу Косово помина, така што тие дури добија и поддршка од Генералното Собрание, мнозинство гласови собраа позади себе, меѓутоа ефект од тоа немаше никаков.“

Но дури и за ваков исход потребни се сериозни разговори со Вашингтон и Брисел, а дури после тоа да се повлекуваат вакви потези, сугерира Малески.

Никовски пак е уведен дека Македонија не може да загуби ништо со ваквата постапка, одејќи до таму што смета дека паралелно со тоа треба да се отвори нова постапка во судот во Хаг.

„Треба да се почне постапка пред Хаг, за да се триплицира грижата на совеста, грижата која ја има Европската унија бидејќи не почитува судска пресуда, а истовремено двојно да се зајакне нашата позиција во спорот“, изјави Никовски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG