Достапни линкови

Тутунарите се жалат на проценката на квалитетот


Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски во посета на производителите на тутун во општина Могила.
Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски во посета на производителите на тутун во општина Могила.

Кога инспекцијата и претставници од Министерството за земјоделство се присутни на откупните пунктови, реално се проценува квалитетот на тутунот, а кога инспекцијата ќе си замине, откупувачите ни даваат класа подолу, се жалат тутунарите.

Кога инспекцијата и претставници од Министерството за земјоделство се присутни на откупните пунктови, реално се проценува квалитетот на тутунот, а кога инспекцијата ќе си замине, откупувачите ни даваат класа подолу. Вака му се пожалија земјоделците од пелагониската општина Могила на заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски кој деновиве го посети пунктот во Ивањевци каде реакциите на тутунарите беа најгласни.
Сега е министерот и на ова му даваат единица, а до вчера му даваа втора и трета класа.
тутунопроизводител.

„И за нас и за вас подобро да се крени класата на тутунот според квалитетот.“

„Од 120 до 140 денари ценат за килограм, видете ги компјутерите.“

„Нека ја пуштат цената барем до 180 денари, подруго ќе биде.“
Сакаме да се увериме дека тутунот се цени според квалитетот. Не сакаме никој да го користи трудот на земјоделците и тука максимално ќе ги заштитиме.
Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

„Целиот тутун стои во Ивањевци непредаден.“

„Катастрофа, со две класи подолу ценат. Кога дојде министерот, на трета рака тутун му дадоа прва класа, а на трета рака тутун, прва класа откако почна откупот нема добиено никој. Сега е министерот и на ова му даваат единица, а до вчера му даваа втора и трета класа“, реагираа тутунарите.

Коњановски рече дека за време на неговата посета на пунктовите имало случаи земјоделците да не се согласуваат со проценките на откупувачите. Но, вети дека министерството и земјоделскиот инспекторат будно ќе го следат откупот и ќе се заложат реално да се наплати родот на земјоделците.

„Сакаме да се увериме дека тутунот се цени според квалитетот. Не сакаме никој да го користи трудот на земјоделците и тука максимално ќе ги заштитиме. Ако е трета класа, да се цени како трета. Секојдневно ќе биде државниот инспекторат на терен. И апелирам до земјоделците кои не се согласуваат со проценетата класа, балите со тутун да ги остават на страна за да може второстепената комисија да излези на терен и повторно да направи проценка“, рече Коњановски.

Тој апелираше да не се меша политиката во земјоделството.

„Да напоменам, кон тутунарите да не подлегнуваат на притисоци и на одредени политички структури. Се надевам дека политичките партии ќе се тргнат на страна од земјоделците, дека нема да им бидат алатка за остварување на својот политички профит“, додаде Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG