Достапни линкови

Ако сакате да зборувате со Европа, викнете ја Ештон


Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон, чиј мандат завршува во октомври догодина, ретко кога не беше на насловните страници во изминатава година. Што се направи таа за да и даде кохезија и ефикасност на надворешната политика на Унијата од 28 земји членки?

Неколку недели откако египетскиот претседател Мохамед Морси со воен пуч беше соборен од власт, Кетрин Ештон, заедно со стражари и помошници, најпрвин со хеликоптер, а потоа и со кола со затемнети стакла го посети на непозната локација. Досега таа е единствената од Западот која зборувала со него.
Особено успехот во преговорите меѓу Косово и Србија кои кулминираа во април, како и ноемврискиот договор со Иран претставуваат области каде што Унијата одигра главна стратегиска улога.
Сузи Денисон, Европски совет за надворешни односи.

„Можете да замислите тоа да го направи например американскиот државен секретар Џон Кери“, вели еден дипломат од Брисел, додавајќи дека тоа го покажува нејзиниот статус и на позитивен и на негативен начин.

Ештон беше наименувана на функцијата во 2009 година кога Европската унија се бореше со финансиска криза, се соочи со Арапската пролет, како и со решавањето на големиот балкански проблем.

„Особено успехот во преговорите меѓу Косово и Србија кои кулминираа во април, како и ноемврискиот договор со Иран претставуваат области каде што Унијата одигра главна стратегиска улога“, вели Сузи Денисон, од Европскиот совет за надворешни односи.
Треба да признаеме дека баронесата Ештон успеа да формира полноправно дипломатско тело за кусо време со мали финансиски средства и малубројни кадри.
Андреа Фронтини, Центар за европска политика во Брисел.

Ештон сега игра клучна улога и во напорите да ја обнови Спогодбата за асоцијација меѓу Европската унија и Украина.

Европските успеси во изминативе месеци, според посматрачите, се по заслуга и на ештоновата личност и на ефикасниот дипломатски апарат што таа го етаблира во рамките на новата Европската служба за надворешна акција.

„Треба да признаеме дека баронесата Ештон успеа да формира полноправно дипломатско тело за кусо време со мали финансиски средства и малубројни кадри“, вели Андреа Фронтини, од Центарот за европска политика во Брисел.

Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, отпрвин одбиваше да се сретне со Ештон и инситираше на разговори со големите сили. Но, откако тие разговори пропаднаа Зариф рече дека сака да се сретне само со Ештон. Веднаш потоа беше постигант договор.

Аналитичарката Денисон вели дека овој договор, како и оној меѓу Белград и Приштина биле резултат на неколкугодишно планирање и стратегиска стрпливост.

Некои сметаат дека клучна улога има и тоа што таа не зборува многу во медиумите.

„Замислете ги Билд или Сикорски. Нема да престанат да твитуваат“, вели еден дипломат.

Како и да е, Кетрин Ештон успеа да ги искористи сите средства што и беа на располгање за да надмине едно од најгорливите прашања на Европската унија, како да се постигне единство во блокот каде што секоја земја си има своја надворешна политика.

„Ештон исто така успеа некако во максимизирање на ефикасноста на, би ја нарекол, декларативната моќ на Европската унија. Ова беше инструментот на давањето слика во светот за единственоста на европската надворешна политика“, вели Андреа Фронтини, додавајќи дека тоа Ештон била клучна фигура во создавањето на таквиот имиџ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG