Достапни линкови

Вашингтон го предупредува Киев


Лидерите на украинската опозиција ја отфрлија понудата на претседателот Виктор Јанукович за разговори и инсистираат на оставка на владата. Демонстрантите и натаму се на улиците на Киев и во Градскиот совет, откако специјалците се откажаа од обидот да ги растераат. Вашингтон ги предупреди украинските власти да не употребуваат сила против демонстрантите.

Пентагон соопшти дека украинскиот министер за одбрана Павло Лебедев му рекол на неговиот американски колега Чак Хејгел дека владата нема да ги употреби украинските вооружени сили против демонстрантите.
Враќање на разговорите со Европа и ММФ и секако на правдата и дигнитетот на Украинците е нашата силна порака. Сите политички опции, вклучувајќи и санкции, се на маса.
Џен Псаки, портпарол на Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Хејгел ја потенцирал штетата од вклучувањето на војската во растурањето на протестите.

Во меѓувреме, Стејт департменот соопшти дека во опција се и санкции против украинската влада.

„Враќање на разговорите со Европа и ММФ и секако на правдата и дигнитетот на Украинците е нашата силна порака. Сите политички опции, вклучувајќи и санкции, се на маса“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џен Псаки.
Драги сонародници, многу пати имам кажано дека единствен можен пат за напредок е помиирувањето и разбирањето. Двете страни треба да се однесуваат во рамките на законите и Уставот. Повикувам на сеопшт национален дијалог.
Виктор Јанукович, претседател на Украина.

Претходно, државниот секретар Џон Кери изрази згрозеност од полицискиот обид да ги растера демонстрантите во Киев кои се за помало руско влијание во Украина и за потпишување на Спогодбата за асоцијација со Европската унија.

„Драги сонародници, многу пати имам кажано дека единствен можен пат за напредок е помиирувањето и разбирањето. Двете страни треба да се однесуваат во рамките на законите и Уставот. Повикувам на сеопшт национален дијалог“, изјави претседателот Виктор Јанукович, по средбите во Киев со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон и помошникот американски државен секретар Викторија Нуланд.

Тоа веднаш беше одфрлено од опзициските лидери. Тие стојат цврсто на своите барања, меѓу кои се, оставка на владата и ослободување на сите затворени демонстранти.

„За разговори со украинските власти не решаваат политичките лидери, туку луѓето кои стојат на Плоштадот на независноста. Ние би требало да добиеме мандат од нив за да одиме на разговори“, изјави лидерот на опозициската партија „Татковина“ Арсениј Јатсенјук.

Затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко ги предупреди демонстрантите да не преговараат со претседателот Јанукович.

„Никакви разговори со бандата, само итна оставка на Јанукович и неговото опкружување“, се наведува во изјавата на Тимошенко која му е лута ривалка на Јанукович.

Таа издржува седумгодишна казна затвор за злопотреба на нејзината функција откако загуби од Јанукович на претседателските избори во 2010 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG