Достапни линкови

Најмногу коментари за геј парада и за цар Душан


Геј паради во Скопје, да или не?, обидот да се урне новопоставениот споменик на цар Душан во Скопје и орденот за Орбан се најкоментираните теми на нашата интернет страница.

Геј паради во Скопје, да или не? Прашањето на правата на мажите и жените со различна сексуална ориентација сме го третирале многупати досега и секогаш имало многубојни коментари на нашата веб-страница.
Парадите се да покажат дека во ова општество има и хомосексуалци и дека тие имаат проблеми со своите права на обични граѓани.
Коментар на читател.

Но дозволете еден впечаток кој произлегува од анализата на пораките: секој пат има сè повеќе пишувачи на пораки кои покажуваат разбирање за тоа дека и геј луѓето имаат права како и сите други граѓани. Се разбира, има и такви со „тврд“ став по ова прашање. Како на пример Фуркан од Скопје кој смета дека тоа биле психички болни луѓе и дека ниту животните не го правеле тоа. Или Тодормкд кој пишува дека одржувањето геј парада е уништување на една здрава нациија со здрав разум и препорачува тие да иселат во ЕУ, зашто во Македонија ни требало здрав наталитет. Џенк му одговара на Фуркан со линк до видео на Јутјуб на кое два геј лава се парат, а покрај нив има лавица. Игор коментира дека парадите се да покажат дека во ова општество има и хомосексуалци и дека тие имаат проблеми со своите права на обични граѓани, а Таци од Битола смета дека треба да им се дозволи да покажат кои се и што се. „Сепак, луѓето шират љубов, а не омраза“.
Хајд Парк: Геј парада во Скопје?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Му текнува ли некому дека секогаш кога нешто не оди во државава ги поткрева тензиите, за да го сврти вниманието од главниот проблем. Така, и ние овде ќе коментираме за спомениците, а не за економијата, сиромаштијата, кредитите, слободата на говор...
Коментар на читател.
Обидот да се урне новопоставениот споменик на цар Душан во Скопје покажува дека Македонците, а и македонските Албанци се мошне чувствителни по прашањето на национот, па на нашата веб-страница Мк Обсервер напишал, на пример, дека „Цар Душан живеел во Скопје многу пред некојси Африм Гаши, па дури и пред Скендербег чиј споменик никој не се осмели да го прекрива со црна наметка“. Незабеган апелира да не се уриваат спомениците зашто „ако тие се споменици на нашата глупост, тогаш урнатите споменици се споменици на нашиот вандализам“. Перо, се чини, ја погодил работата во с'ржта: „Му текнува ли некому дека секогаш кога нешто не оди во државава ги поткрева тензиите, за да го сврти вниманието од главниот проблем. Така, и ние овде ќе коментираме за спомениците, а не за економијата, сиромаштијата, кредитите, слободата на говор...“

Информацијата за одликувањето на унгарскиот премиер Орбан со највисоката државна награда по којзнае кој пат ги предизвикало редовните Миле од Охрид и МК Обсервер... да го напаѓаат Радио Слободна Европа дека извршува
Полициска блокада на мостот „Око“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00
„деструктивни и субверзивни активности против секој што го поддржува правото на постоење на македонскиот народ“ и за „пропагандизми“ како што напишал МК Обсервер. Пиле смета дека одликувањето на човекот критикуван за немањето слобода на медиумите и недемократичност од самата ЕУ, чија членка е неговата земја, претставува атак врз вредноста на прогласувањето независност на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG