Достапни линкови

Грчката влада преживеа


приврзаници на Сириза пред парламентот
приврзаници на Сириза пред парламентот

Грчката десно социјалистичка коалиција предводена од конзервативците, како што се очекуваше, преживеа уште еден обид на опозициската партија Сириза да ја собори владата. Од друга страна таа загуби еден свој пратеник откако тој во парламентот ја поддржа опозицијата.

Сто педести и три пратеници од триста, колку што ги има во грчкиот парламент го отфрлија опозицискиот предлог за недовреба на владата. За предлогот гласаа 124 пратеници од Сириза, Комунистичката партија, популистичката Независна Грција и неонацистичката Златна Зора.

Но, владината коалиција на премиерот Андонис Самарас загуби еден пратеник кој гласаше со опозицијата по што ПАСОК го истера од своите редови. Со тоа коалициското мнозинство се намали на само четворица пратеници. Самарас повтори дека нема да има предвремени избори пред 2016 година.
Илјадници луѓе бараат храна во кантите за ѓубре.
Алексис Ципрас, лидер на Сириза.

Гласањето за доверба беше покренато од главната опозициска партија Сириза која се бори за крај на политиката на штедење што грчката влада ја спроведува како услов за добивање помош од спасувачкиот пакет на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Дебатата се одвиваше за време на клучната инспекциска посета на претставници на таканаречената „тројка“ кредитори кои се во Атина. Тие го проверуваат напредокот во исполнувањето на целите пред да одобрат уште една транша од помошта во вредност од скоро шест милијарди евра.

„Илјадници луѓе бараат храна во кантите за ѓубре“, изјави лидерот на Сириза Алексис Ципрас пред пратениците, барајќи од нив да и изгласаат недоверба на владата поради нејзината катастрофална политика.
лидерот на Сириза Алексис Ципрас
лидерот на Сириза Алексис Ципрас

„Не само што не преговаравте повторно, не само што не се изборивте за подобри услови, туку постојано носите се поостри мерки за штедење. Не успеавте да ја запрете економската катастрофа, и што е најважно не успеавте да се соочите со огромната хуманитарна катастрофа“, изјави Ципрас. Околу три ипол илјади приврзаници на оваа партија протестираа пред парламентот, извикувајќи: „Земете си го спасувачкиот пакет и заминете од тука“.

Сириза предложи гласање за владина недоверба откако специјални сили на полицијата во минатиот четврток упаднаа во просториите на поранешна државна радиотелевизија ЕРТ за да ги истераат новинарите кои продолжија да работат иако пред пет месеци беа отпуштени.
Одбравте погрешен момент за да правите театар во парламентот, во време кога владата е во клучни преговори со тројката.
Андонис Самарас, премиер на Грција.

Тоа беше дел од пакетот за отпуштање на 4 илјади државни службеници до крајот на годинава.

„Одбравте погрешен момент за да правите театар во парламентот, во време кога владата е во клучни преговори со тројката“, рече премиерот Самарас,

„Грција ќе ја комплетира програмата за спасувачкиот пакет, а вие се уште ќе зборувате дека треба повторно да се преговара. Грција го постигна најголемото намалување на долгот во историјата, а вие се уште меѓусебе зборувате за потшишување“, изјави Самарас.
премиерот Андонис Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас
премиерот Андонис Самарас и министерот за финансии Јанис Стурнарас

Неговата влада се противи на дополнителните штедења што треба да ги направи за да ги постигне буџетските цели за идната година за и натаму да добива помош од пакетот вреден 240 милијарди евра.

Се проценува дека, и покрај преземените мерки, ќе постои фискален јаз од 2 милијарди евра и затоа ќе бидат неопходни дополнителни мерки за штедење. „Да нема забуна, нема да има нови фискални мерки, ниту пак, кратење на платите и пензиите“, вети лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG