Глобус - Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции
Сегашната Влада на чело со актуелниот премиер води кон самоизолација, непотизам, осиромашување, невработеност, девалвација на општеството во сите сегменти, нетранспарентност, само формално постоење на повеќепартиски систем, корупција... За пет години, администрацијата е зголемена од 70 на 170 илјади лица! Ова е дел од анализата „Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции“, на Меѓународниот институт ИФИМЕС за блискоисточни и балкански студии во Љубљана, Словенија, кој редовно ги анализира случувањата на Блискиот Исток и на Балканот, направена по објавувањето на редовниот извештај на ЕК за напредокот на државата, што ја пренесува најновиот он-лајн магазин Глобус.
Во анализата се наведува и дека официјално невработеноста е 28 отсто, но дека тоа не е реалната слика затоа што Владата на Груевски не создава услови за создавање нови работни места, туку бројот на вработени е зголемен поради нивното вработување во администрацијата и затоа што е променета методологијата на пресметка на невработеноста, исто како и методологијата за пресметка на просечната плата, наведува покрај другото ИФИМЕС.
Фокус - Во Македонија политичарите се со посебни потреби
Фокус оди со најава на интересни теми на насловната: „Кој ѝ подари „Џејмс Бонд“ пиштол на министерката Јанкулоска“ и дијагнозата за власта на невропсихијатарот Мицко Дудучки од Куманово, кој работел на Воено-медицинската академија во Белград. Тој дијагностицира дека во Македонија политичарите се со посебни потреби зашто добиваат сериозни психијатриски дијагнози како оправдување да добијат отштета за навреда и за клевета, а дека државата е со пречки во развојот. Во уводникот, пак, Фокус прави метафора на владеењето на Груевски со владеењето на покојниот претседател на Туркменистан, Нијазов, за потоа да заклучи дека на сите веќе треба да им е јасно зошто мораше да се „убие“ популарниот ТВ проект „К-15“: со нивните пародии, пишува неделникот, тие беа сериозна конкуренција на актуелната Влада. Само Цацко, Миле и Тошо би можеле да склепаат скеч каде што Цапа јајцегаѓачот од Тирана ќе биде примен во кабинет на премиерот! Кој е тука луд, а кој збунет? - прашува Фокус.
Република - Нимиц во Берлин - Самарас во цајтнот
Темата на неделата на Република се однесува на ненадејната средба Нимиц-Меркел, па се најавува и на насловната: „Нимиц во Берлин - Самарас во цајтнот“. Неделникот ја форсира тезата дека е во тек „Германска офанзива за името“ наведувајќи дека и посетата на Дорис Пак, која е од истата партија на канцеларката Меркел и блиска со канцеларката, два дена пред средбата на Меркел со Нимиц, била со таа намена: да се информира токму за проблемот и за евроинтеграциите.
Во Македонија политичарите се со посебни потреби зашто добиваат сериозни психијатриски дијагнози како оправдување да добијат отштета за навреда и за клевета.Фокус.
Сегашната Влада на чело со актуелниот премиер води кон самоизолација, непотизам, осиромашување, невработеност, девалвација на општеството во сите сегменти, нетранспарентност, само формално постоење на повеќепартиски систем, корупција... За пет години, администрацијата е зголемена од 70 на 170 илјади лица! Ова е дел од анализата „Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции“, на Меѓународниот институт ИФИМЕС за блискоисточни и балкански студии во Љубљана, Словенија, кој редовно ги анализира случувањата на Блискиот Исток и на Балканот, направена по објавувањето на редовниот извештај на ЕК за напредокот на државата, што ја пренесува најновиот он-лајн магазин Глобус.
Посетата на Дорис Пак, која е од истата партија на канцеларката Меркел два дена пред средбата на Меркел со Нимиц е да се информира токму за проблемот и за евроинтеграциите.Република.