Достапни линкови

МВР трагало по Шиповиќ, а тој не бил во бегство!?


Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ е осомничен дека бил дел од група што наводно направила финансиски и економски криминал во Машинопромет. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со поразот во Општина Центар.

Министерството за внатрешни работи презело полициска акција за расчистување на работењето на компанијата „Машинпромет“.

Полицијата трагала по Мирослав Шиповиќ, кој е претседател на Управниот одбор на компанијата, поради сомневање дека бил дел од група што наводно направила финансиски и економски криминал тежок околу еден милион евра. Шиповиќ е претседавач на Советот на Општина Центар и е лидер и на Општинската организација на СДСМ во Центар.

Од МВР потврдуваат дека се приведени повеќе лица, сопственици на приватни фирми, членови на Управниот и на Надзорниот одбор на фирмата, како и неколкумина службеници од Управата за јавни приходи. Повеќе детали за акцијата МВР најави во текот на утрешниот ден.
Општина Центар
Општина Центар

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со поразот во Центар

СДСМ, пак, на нивниот веб сајт објави дека начинот на кој Министерството за внатрешни работи соопштува дека Мирослав Шиповиќ е во бегство, а тој е повеќе од три недели во странство поради здравствени причини на член на неговото семејство, уште еднаш потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со поразот во Општина Центар и на секој можен начин продолжува да ја гази волјата на граѓаните.

Бараме при постапувањето МВР целосно да ја почитува уставната и законска одредба за пресумпција на невиност и да престане со медиумската злоупотреба при изнесувањето на информации за осомничени лица, реагира СДСМ.
XS
SM
MD
LG