Достапни линкови

Што треба да знаете за напаѓачите во Најроби?


Исламистичката фундаменталистичка група Ал Шабаб во Сомалија не е многу позната надвор од Источна Африка. Сепак, нејзиниот напад во трговскиот центар во Најроби покажа дека таа една од најсилните ограноци на Ал Каеда.

Ал Шабаб на арапски јазик значи „Младите“ и е група која се појави во со војна зафатената Сомалија во 2006 година. Станува збор за радикална сунитска група која е потисната во руралните подрачја на Сомалија откако силите на Африканската унија се обидуваат да и помогнат на слабата сомалиска влада да ја стабилизира земјата.
Едно мора да се запамти: Ал Шабаб не е вистинска унитарна, стриктно хиерархиска организација. Таа во основа е сојуз на важни свештеници со нивни сопствени војници кои не секогаш се согласуваат за некои прашања.
Питер Лер, експерт во Центарот за тероризам и политичко насилство во Шкотска.

Групата заведува шеријатско право во областите што се под нејзина контрола, вклучувајќи и каменување жени обвинети за прељуба и ампутирање раце за крадење. Ал Шабаб на два пати изведе акции во соседните земји.

Првиот пат беше бомбашкиот напад во Кампала, Уганда во 2010 година кога загинаа 76 и вториот деновиве во Најроби при што беа убиени 70 луѓе. Сегашниот лидер на групата Муктар Абу Зубаир се залага за глобален џихад.

„Едно мора да се запамти: Ал Шабаб не е вистинска унитарна, стриктно хиерархиска организација. Таа во основа е сојуз на важни свештеници со нивни сопствени војници кои не секогаш се согласуваат за некои прашања“, вели Питер Лер, експерт во Центарот за тероризам и политичко насилство во Шкотска.
Дали тие навистина се заинтересирани да се борат на Запад, претпоставувам во Соединетите Држави и Британија? Прашањето е дали може Ал Шабаб да си го дозволи тоа? Дали има доволно пари? Дали имаат доволно извршители да го сторат тоа, бидејќи тие главно се насочени кон борбите во Сомалија.
Питер Лер, експерт во Центарот за тероризам и политичко насилство во Шкотска.

Затоа, според него, нападот во Најроби е со цел само да се ослаби кениската заложба да учествува во силите на Афиканската унија во Сомалија.

Никој не знае колку борци има Ал Шабаб, но некои проценуваат дека станува збор за 5 илјади добро вооружени луѓе, вклучувајќи и неколку стотици странци.

Американскиот конгресмен Питер Кинг вели дека оваа група има регрутирано 50 луѓе од сомалиските заедници во Соединетите држави.

Затоа, според западните аналитичари, едно од главните прашања е дали Ал Шабаб претставува опасност и надвор од Источна Африка.

Според Лер, оваа група е фокусирана врз војната во Сомалија, и немала намера да отвара далечни нови фронтови.

„Дали тие навистина се заинтересирани да се борат на Запад, претпоставувам во Соединетите Држави и Британија? Прашањето е дали може Ал Шабаб да си го дозволи тоа? Дали има доволно пари? Дали имаат доволно извршители да го сторат тоа, бидејќи тие главно се насочени кон борбите во Сомалија“, вели Лер.

Во Кенија Ал Шабаб изведе воен напад врз цивилни цели, односно мали тимови на добро обучени борци пукаа врз обични граѓани.

Нападот има многу сличности со терористичкиот напад во Мумбаи во Индија во ноември 2008 година. Некои аналитичари сметаат дека тоа не е случајно.

Брус Ридел, поранешен припадник на ЦИА, вели дека најголемо изненадување е тоа што досега немало многу луѓе кои се обиделе да ја имитираат таа тактика.

Нападот во Мумбаи бил планиран од поранешен пакистански офицер кој бил член на Ал Каеда се додека не бил убиен во напад со беспилотно летало во 2011 година.

Се верува дека Ал Шабаб е во постојана комуникација со Ал Каеда, што ја прави можна веројатноста дека нападот во Најроби е пример за размена на информации меѓу двете групи, а не дека се работи за коинциденција.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG