Достапни линкови

Преговори за блокадите на границата со Косово?


Од македонската влада, како што се јавуваат дел од медиумите во Скопје, најавуваат дека во наредниве денови ќе продолжат преговорите со косовската влада за надминување на блокадата за влез на македонски производи на Косово.

Се наведува дека вчера премиерот Никола Груевски имал телефонски разговор со неговиот косовски колега Хашим Тачи во обид да се избегне целосната трговска блокада што ја најави косовската влада.
Во македонската влада, според дел од медиумите, се размислувало на Приштина да и се понуди на 15 септември Македонија да ја укине забраната за увоз на косовско брашно и таксите кои вчера почнаа да се наплаќаат за граѓаните и возилата од Косово, а за возврат Косово да го укине актуелното ограничување на некои производи од Македонија.

Станува збор за своевидна контра мерка на одлуката на Македонија, државјаните на Косово кои влегуваат во земјата да плаќаат по две евра за патна такса, дополнителни пет евра за автомобил, како и десет евра за влез во државата на камион или автобус.

Министерката за трговија и индустрија на Косово Мимоза Кусари најави проширување на ембаргото односно на списокот на македонски производи за кои ќе важи забраната за увоз, но нема да има мерки кои ќе се однесуваат на движењето на граѓаните.

„Нашите мерки се во согласност со трговијата на стоки. Ние нема да паднеме на тоа ниво како Македонија во однос на давачките за граѓаните на Косово, но ќе и покажеме на македонската држава дека доколку продолжат на овој начин и со овој третман кон косовските граѓани, загубите ќе бидат директно почуствувани во нивното стопанство и буџет. Во моментов размислуваме за проширување на листата на забранети производи од Македонија“, изјави за косовските медиуми министерката Кусари.

Во македонската влада, според дел од медиумите, се размислувало на Приштина да и се понуди на 15 септември Македонија да ја укине забраната за увоз на косовско брашно и таксите кои вчера почнаа да се наплаќаат за граѓаните и возилата од Косово, а за возврат Косово да го укине актуелното ограничување на некои производи од Македонија.


Како што е познато, трговската размена меѓу Македонија и Косово во 2012 беше 320 милиони евра од кои 300 милиони се од извозот на македонски производи на косовскиот пазар.
XS
SM
MD
LG